Науката открива: Како се менува вашиот мозок откако ќе го пронајдете „вистинскиот“?
Иако уметниците и писателите се обидуваат да го опишат емоционалниот аспект на вистинската љубов, има многу да се каже и за начинот на којшто се менува мозокот откако ќе го пронајдете вистинскиот. Љубовта е навистина моќна и покрај пеперутките во стомакот, можно е да почувствувате и други физички симптоми – од блескава кожа, па сè до намален крвен притисок.
Според Жаклин Олдс, професорка на Медицинското училиште на Харвард, кога луѓето зборувале за личноста во којашто се вљубени, се активирале одредени делови од мозокот. Доколку сте го пронашле вистинскиот и целосно сте вљубени, можеби веќе и сте забележале некои промени. Погледнете ги промените што можат да настанат во вашиот мозок кога вистински ќе се вљубите.
1. Повеќе ќе процесирате награда, а помалку страв
Со скенирањето на мозокот можат да се научат многу работи, особено кога станува збор за љубовта. Наоѓањето на вистинскиот е поврзано со зголемена активност на деловите од мозокот поврзани со секс, награда и сеќавање. Она што е подобро е тоа што вљубеноста е поврзана и со намалена активност на деловите од мозокот одговорни за страв и недопаѓање. Па, вљубеноста значи дека повеќе нешта се случуваат во добрите места од вашиот мозок, а помалку во лошите.
2. Намалено ниво на стрес
Доколку сте имале ужасен ден, но прегратката од партнерот направила да исчезне сè, можеби има и научно објаснување за ова. Истражување од 2015-та година, спроведено на Медицинскиот Универзитет во Берлин, покажало дека вљубеноста има влијание на системите за одговор на стрес. Накратко, наоѓањето на вистинскиот може да значи создавање посебна врска што прави да се чувствувате посмирено. Научниците откриле дека романтичната љубов може да ви го зголеми чувството на безбедност и да ги намали вашите стрес и анксиозност. Најдоброто е што ова чувство на сигурност ќе ви помогне да донесувате подобри одлуки и во другите области од животот.
3. Зголемено чувство на среќа
Љубовта навистина ве прави посреќни. Во истражување од 2005-та година биле направени 2.500 скенирања на мозок на 17 испитаници, од кои сите тврделе дека се вљубени. Според истражувањето, вљубеноста е поврзана со зголемено ослободување на допамин. Допаминот е одговорен за центрите за задоволство во вашиот мозок. Кога сте среќни, нивото на допамин е повисоко, а кога сте вљубени, нивото се зголемува уште повеќе.
Од намалување на стресот, до зголемување на среќата, наоѓањето на „вистинскиот“ може буквално да ја промени хемијата на вашиот мозок. Сепак, не треба да бидете невролог за и самите да ги почувствувате предностите од вљубеноста.
Дознајте нешто повеќе за вистините за љубовта кои се базирани на научни истражувања.