Науката открива: 4 начини да станете уште пошармантни

Науката открива: 4 начини да станете уште пошармантни

Шармот е еден квалитет со помош на кој ги привлекувате другите луѓе. Тој е главната причина поради која некому ќе му се допаднете. И токму поради него некој ќе ви се допадне вам. За некого шармот е старомоден – како да се биде учтив и да се има убави манири, но за други е пресуден во градењето на социјалните односи. Па, што можете да направите за сите да бидат воодушевени од вас?

1. Променете го тонот на гласот

Зборувањето со низок и малку пискав тон е сè повообичаен помеѓу младите девојки. Студија од 2014-та година открила дека луѓето што зборуваат на ваков начин се помалку сигурни, образовани, компетентни и атрактивни од оние кои што имаат нормален глас. Негативната перцепција за тонот на гласот кој е на најниско ниво е поголема кај женските отколку кај машките гласови. Гласот што е милозвучен повеќе му годи на увото и дефинитивно ќе ви додаде шарм.

2. Мислете брзо

Во една психолошка студија се докажало дека ако мислите побрзо вие сте пошармантни. Истражувачите докажале дека луѓето што биле способни побрзо да дадат одговори на прашања од општа култура и на визуелни задачи, се сметале за пошармантни од нивните пријатели, независно од нивото на интелигенција и други лични карактеристики. Менталната брзина може да помогне при криењето неумесност и да бидете позабавни.

3. Прекинете со фалење преку еден вид жалење

Еден вид начин за да се пофалите себеси е да направите тоа да звучи како да се жалите за нешто. „Мразам кога ќе ме стават во прва класа и ќе им снема шампањ.“ Повеќето луѓе ќе го препознаат овој вид фалење преку жалба единствено какво што е – обично фалење. Една студија спроведена во бизнис училиште од Харвард покажала дека кога луѓето одбираат да се фалат преку жалење, сакајќи да остават убав впечаток, другите тоа го гледаат како ужасна стратегија за самопромоција, и го сметаат за помалку ефикасно отколку вообичаеното поплакување бидејќи тоа изгледа поискрено.

4. Бидете доверливи

Луѓето ги привлекуваат оние на кои можат да им веруваат. Во една студија, учесниците биле прашани да ги рангираат карактеристиките кои им се најважни кај некого со кого би работеле во бројни социјални активности (спортување или работни проекти) или кои ги преферираат во врска (блиски пријатели, колеги). Карактеристиката што била највисоко рангирана била доверливоста. Чувството за кооперација и топлина исто така биле поважни при одлуката дали некој ќе ви се допадне споредено со физичката привлечност.

Кога станува збор за привлечноста, старомодните карактеристики како што се искреноста, отвореноста и способноста да се биде „тимски играч“ секогаш ќе ги привлекуваат луѓето. Ако имате смисла за хумор што ќе ве извлече од заплеткани ситуации или ако можете да пронајдете нешто забавно и во сопствените грешки, уште подобро за вас.

Дознајте повеќе и за следниве нешта кои можеби не сте ги знаеле за сексот и привлечноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар