Науката ни покажува дека луѓето во отворени врски се посреќни
Неодамнешна студија открива дека луѓето во отворени врски се посреќни од оние што се во моногамни врски! Научниците од Универзитетот во Мичиген анализирале 2.100 парови над 25 години, од кои околу 1.500 биле во моногамни врски и околу 600 во отворени, односно немоногамни врски. Кога станува збор за тоа колку страсно љубат и колку се задоволни од партнерот, научниците не нашле разлики меѓу моногамните врски и оние во отворените. Но нивото на љубомора било пониско, а на довербата повисоко помеѓу оние што биле во отворени врски. Зошто се случува ова?
Најпрво, да почнеме со очигледната причина – тие почесто имаат секс! Сексот автоматски ги прави луѓето посреќни и биохемијата лесно може да го докаже тоа. Другата причина, што е многу поважна и од која може многу да се научи, е фактот што луѓето во отворените врски зборуваат повеќе во однос на оние во моногамните. Кога се гледате и спиете со повеќе луѓе, и притоа сте отворени за тоа, мора постојано да разговарате за вашите емоции и како се чувствувате.
Отворените врски по природа се потешки, и едноставно нема простор за никаков вид несреќа. За тие да бидат успешни, луѓето мора да имаат толку добри комуникациски вештини што ако некогаш нè посетат вонземјани, владата би ги повикала токму нив за да воспостават прв контакт.
Кога сте во моногамна врска, многу е лесно да задржите некои работи за себе, како и да ги одложите тешките разговори за подоцна, односно за „вистинскиот момент“. А кога тој момент никогаш нема да дојде, несреќата скоро инстантно се појавува.
Студијата исто така открила и дека луѓето во отворени врски чувствуваат повеќе љубов и доверба кон нивниот примарен партнер, отколку кон останатите. Но, тука треба да се земе предвид дека не сите отворени врски вклучуваат повеќе партнери. Во оние каде што се случува тоа, луѓето не ја гледаат љубовта како нешто што пресушува, туку како бесконечна. Тоа е и причината поради која не ја мерат, туку различен е само начинот на кој се љуби.
Прочитајте ги и овие 5 основни правила за отворени љубовни врски!