Научно докажано: Љубовта на прв поглед навистина постои!

Научно докажано: Љубовта на прв поглед навистина постои!

Постојат луѓе кои веруваат во љубов на прв поглед, но постојат и такви што мислат дека се работи за мит. Сѐ уште нема конечен одговор што би ја разрешил оваа љубовна мистерија, но тоа не значи дека љубовта на прв поглед не е вистинска.

Научно докажано: Љубовта на прв поглед навистина постои!

Многу од луѓето се вљубиле во нивните партнери подоцна во врската, честопати околу една година по првото запознавање. Тие и на почетокот чувствувале длабока поврзаност и копнеж по партнерот, но не и вистинска љубов. Но, само затоа што многумина не доживеале љубов на прв поглед, не значи дека таа не постои.

Разликата помеѓу „вљубеноста“ и „љубењето“

Експертите веруваат дека постои голема разлика помеѓу „вљубеноста“ и „љубењето“. „Љубењето“ е активен глагол. Му давате љубов на партнерот, му покажувате дека го сакате на различни начини и се трудите да го задржите тоа чувство. Но, вљубувањето е пасивно. Немате никаква контрола врз тоа и не можете да направите ништо за да го спречите. Пасивноста е веројатно една од причините зошто луѓето веруваат дека постои љубов на прв поглед. Тие сакаат да мислат дека постои чувство што се појавува туку-така и не може да се контролира. На овој начин, љубовта делува повозбудлива и позначајна.

Науката вели дека возможно е да доживеете љубов на прв поглед

Според многу психолошки и антрополошки истражувања, љубовта на прв поглед е сосема возможна. Од биолошка гледна точка, станува збор за мозочна шема. Исто како што можете одеднаш да се налутите или исплашите, така можете и одеднаш да се вљубите.

Вљубувањето спаѓа во еден од трите мозочни системи. Првиот е сексуалната желба. Вториот е интензивните чувства на романтична љубов, односно вљубеноста. Третиот е чувството на длабока поврзаност. Сите овие системи се развиле со цел да го олеснат спарувањето и размножувањето.

Експертите веруваат дека вљубувањето е посебен мозочен систем што еволуриал пред милиони години за да можат луѓето да ја насочат нивната енергија на еден поединец и да го започнат процесот на размножување. Според нив, овој систем може да се поттикне одеднаш и ненадејно.

Па, како да знаете дали станува збор за љубов или страст? Потребно е да се извршат уште истражувања за да се разреши оваа љубовна мистерија. Но, доколку сте романтични души, продолжете и понатаму да верувате во љубовта на прв поглед, бидејќи како што изгледа, таа навистина постои!

Во продолжение дознајте повеќе за 6-те варијации на „љубовта“ кои можат да ве излажат дека сте вистински заљубени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар