Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Веќе некое време сте заедно и сметате дека не може да биде посовршено од што веќе е. Но, дали сте навистина заљубени во него/неа? Научниците откриле дека кога мозокот е заљубен изгледа многу поразлично од тогаш кога чувствува само страст, или пак кога личноста веќе подолго време е во сериозна врска. Студиите кои биле водени од Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс и една од водечките експерти на биолошката основа на љубовта, откриле дека „заљубениот“ мозок поминува низ уникатна фаза која трае одреден период. Таа исто така забележала дека постојат 13 знаци кои укажуваат на неа.

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Овој пат е посебно – Кога сте заљубени, почнувате да размислувате дека вашиот/вашата љубен/а е посебен/посебна. Ова верување се појавува во исто време со неможноста да чувствувате романтична страст кон никој друг. Фишер и колегите веруваат дека овие резултати се појавуваат поради покаченото ниво на централен допамин – хемикалија поврзана со вниманието и фокусот во вашиот мозок.

Тој/таа е совршен/а – Оние кои се навистина „лудо“ заљубени имаат тенденција да се концентрираат само на позитивните квалитети на својот партнер и притоа ги занемаруваат негативните. Тие исто така се фокусираат на тривијални настани и предмети кои ги потсетуваат на нивниот/нивната љубен/а и постојано мечтаат за нивните посебни моменти и спомени. И за ова фокусирано внимание се смета дека е „крив“ централниот допамин, како и покачувањето на централниот норепинефрин, хемикалија која е поврзана со зголемување на меморијата во близина на нов стимул.

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Јас сум хаос – Како што е добро познато, заљубувањето води кон емоционална и физиолошка нестабилност. Возбудата, еуфоријата, зголемената енергија, несоницата, губитокот на апетитот, треперењето, забрзаниот пулс и забрзаното дишење брзо предизвикуваат појава на анксиозност, паника и чувство на очај кога вашата врска ќе наиде дури и на најмал проблем. Овие промени во расположението се многу слични како оние кај зависниците од дрога. Истражувањата покажале дека кога на заљубена личност ќе ѝ се покаже фотографија од својот партнер, се активира истиот дел од мозокот што се активира и кај зависниците во моментот кога земаат „доза“. Почетокот на љубовта, според научниците е еден вид зависност.

Надминувањето на пречката нè направи поблиски – Поминувањето низ нешто ново со друга личност најчесто ја зголемува романтичната привлечност помеѓу нив. Централниот допамин може да е виновен и за оваа реакција, бидејќи научниците покажале дека кога наградата доаѓа со задоцнување, невроните кои продуцираат допамин во мозокот стануваат многу попродуктивни.

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Постојано мислам на него/неа – Луѓето кои се заљубени изјавиле дека во просек поминуваат повеќе од 85% од времето додека се будни мислејќи на нивниот „љубовен објект“. Овие наметливи мисли, како еден вид опсесивно однесување, можат да резултираат од намаленото ниво на централен серотонин во мозокот, предизвикувајќи ситуација која и порано била поврзувана со опсесивното однесување.

Посакувам да можевме да бидеме заедно цело време – Заљубените луѓе постојано покажуваат знаци на емоционална зависност од нивната врска, вклучувајќи ги и состојбите како посесивност, љубомора, страв од одбивање и анксиозност при разделување.

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Се надевам дека ќе останеме засекогаш заедно – Тие исто така тежнеат за емоционална поврзаност со нивниот партнер, барајќи начини да се приближат до него/неа повеќе и постојано мечтаат за нивната заедничка иднина.

Дали ќе му/ѝ се допадне оваа облека? – Заљубувањето се одликува со тенденцијата да ги реорганизирате вашите дневни приоритети и/или да ги промените својот стил на облекување, манири, навики или вредности само за да станете подобри за вашиот партнер.

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Ќе направам сè за него/неа – Луѓето кои се заљубени чувствуваат силно чувство на емпатија кон нивниот партнер, сметајќи дека неговата/нејзината болка е и нивна. Тие исто така се подготвени да жртвуваат сè за личноста која ја сакаат.

Не се работи само за секс – И покрај тоа што желбата за сексуална поврзаност е многу важна за оние кои се заљубени, потребата за емоционална поврзаност им е многу поважна. Студиите покажале дека 64% од заљубените (од двата пола) не се сложувале со изреката, „Сексот е најважниот дел од врската со мојот партнер“.

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

Може ли нашата врска да биде сериозна? – Оние кои се лудо заљубени често чувствуваат и сексуална желба кон својот партнер, но им се појавуваат и други силни емоции поради кои не сакаат да го „делат“ со други личности. Посесивноста и љубомората скоро инстантно се појавува доколку партнерот не се согласува со нивното мислење на оваа тема.

Се чувствувам како да сум надвор од контрола – Фишер и нејзините колеги откриле дека луѓето кои велеле дека се заљубени често признавале дека нивната страст е автоматска и неконтролирана.

Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

„Искрата исчезна“ – На жалост, заљубеноста не трае засекогаш. Тоа е привремена состојба која или се претвора во долгогодишна, взаемна врска која психолозите ја нарекуваат посветеност, или исчезнува и „заљубените“ продолжуваат со својот живот на различни страни. Доколку има физички или социјални препреки кои ги спречуваат партнерите да се гледаат редовно – како на пример, врска на далечина – тогаш оваа „љубовна фаза“ трае подолго отколку во нормалните ситуации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар