Научно докажана причина зошто треба да одите на љубовни состаноци (дури и ако сте долго заедно!)

Научно докажана причина зошто треба да одите на љубовни состаноци (дури и ако сте долго заедно!)

Долго време љубовните состаноци се начин на кој паровите ја разбудуваат романсата, ја одржуваат страста, ја засилуваат нивната обврзаност или едноставно се поврзуваат одново, подалеку од стресот и битките на секојдневниот живот. Ние знаеме дека ова е вистина, но до неодамна не знаевме зошто. Сега, науката може да ни даде одговор.

Научно докажана причина зошто треба да одите на љубовни состаноци (дури и ако сте долго заедно!)

Дали некогаш сте се запрашале зошто новите парови изгледаат толку позитивни и енергични? Кога сте во нова врска, вие одеднаш развивате неверојатна способност да преживувате со многу малку сон или храна, поминувајќи саати во шетање и разговарање, мечтаење и планирање на вашиот следен состанок. Во овие периоди изгледа дека страста може да се одржува засекогаш.

Овие интензивни чувства и однесувања се водени од вистински хемиски промени во мозокот. Тој го преплавува организмот со моќни невротрансмитери како допамин и норепинефрин, кои пак, се одговорни за чувствата на еуфорија и интензивна енергија. Секако, оваа интензивна страст не може да преживее долго.

Како што паровите сè подобро се запознаваат и стануваат поопуштени во своето присуство, така и периодот на „меден месец“ почнува да се смирува. Мозокот се враќа во нормала, животот почнува да се меша и среќните парови почнуваат да се гледаат во вистинското светло. Тоа е и причината зошто голем дел раскинуваат токму во овој период.

За среќа, изгледа дека љубовните состаноци ги стимулираат истите региони во мозокот кои се поврзуваат со раната љубов. И покрај тоа што можеби не го предизвикуваат истиот ефект на „поплава со хемикалии“, сепак имаат доволно влијание да разгорат нова страст. Исто така, важно е и што правите на овие состаноци.

За да ја поттикнете посакуваната мозочна активност, не треба да одите во истиот ресторан или кафуле каде што порано сте оделе. На овој начин ќе повикате пријатни сеќавања и ќе ја задлабочите интимноста, но нема да ја поттикнете страста. Наместо тоа, користете ги овие љубовни состаноци да пробувате нови нешта.

Без разлика што ќе одберете, тоа треба да биде ново и за двајцата, можеби дури и да содржи малку безопасен ризик, но истовремено да биде и нешто што ве интересира и двајцата. На овој начин ќе почнете да искусувате скоро исти емоции како и на почетокот на врската, кога сè помеѓу вас ви било ново и непознато.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар