Научниците предупредуваат: Никогаш не смеете да ја јадете храната на која застанала мува!

Научниците предупредуваат: Никогаш не смеете да ја јадете храната на која застанала мува!

И самите знаете што обожаваат да јадат мувите, но она што може да ѝ се случи на вашата храна е навистина одвратно. Во едно неодамнешно истражување испитаниците биле прашани дали би си отишле од ресторан кога во него би виделе глувци, бубачки, муви, мравки или змии, односно во кој случај најбрзо би излегле. Повеќе од 60% од испитаниците како најлоши ги издвоиле бубачките.

Научниците предупредуваат: Никогаш не смеете да ја јадете храната на која застанала мува!

Но, научниците предупредуваат дека најголема закана претставуваат мувите, односно тие пренесуваат два пати повеќе бактерии. Сепак, ова не се најлошите вести! Имено, мувите обожаваат да претураат по измет, ѓубре и мртви животни. Со оглед на тоа што не можат да џвакаат, храната што ја наоѓаат на овие одвратни места ја топат со помош на ензими кои ги плукаат и потоа ги впиваат повторно назад.

Со други зборови, кога мувата ќе слета на вашата чинија, таа буквално „плука“ на храната што ја јадете. Освен тоа, на нејзиното тело, помеѓу влакната на нозете, носи бактерии и вируси кои ќе останат на храната.

„Најголемите штети предизвикани од обичната мува се додевањето и индиректните штети кои ги пренесуваат патогените организми (вируси, габи, бактерии, праживотни и цевчести црви). Телото на мувата е влакнесто и на него многу лесно се задржуваат нечистотиите и микроорганизмите од материјалите по кои се движи“, објаснуваат експертите.

Бројот на бактерии пронајдени на телото на мувите изнесува 4 милиони, а од цревниот тракт биле најдени 50 видови патогени бактерии, 10 видови праживотни, 10 видови паразитски црви и неколку вида вируси.

По ова сознание сигурни сме дека многу повеќе ќе внимавате на храната што ја јадете и нема да им дозволувате на мувите толку лесно да застануваат на неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар