Научниците побиле 12 заблуди за ракот
7. Дали исхраната влијае на развитокот на рак?
Неодамнешните истражувања покажале дека ако ја промените исхраната и почнете да консумирате повеќе овошје и зеленчук, веројатноста за појава на малигни тумори се намалува за 80%.
8. Дали фарбите за коса предизвикуваат рак?
Не постојат податоци кои покажуваат дека фарбите за коса го зголемуваат ризикот од рак. Но некои истражувања покажале дека фризерите кои работат со фарби за коса имаат поголем ризик од рак на мочниот меур.
9. Дали растителните народни лекови можат да излечат рак?
Не, но некои од нив може да се справат со несаканите ефекти од третманот на ракот. Не постојат истражувања кои докажуваат дека растителните лекови можат да го излечат ракот.
10. Дали мобилните телефони предизвикуваат рак?
Оваа теорија не е научно потврдена. Ракот предизвикува мутација на клетките, а ниско-фреквентната радијација на телефоните не може да влијае на геномите.
11. Дали биопсијата или отстранувањето на тумор предизвикува ширење на малигни клетки?
Веројатноста за ова е многу мала. За да се избегне секој ризик, хирурзите следат строги правила и посебни процедури. Едно истражување направено врз повеќе од 2.000 пациенти го побило овој мит.
12. Дали ракот е заразна болест?
Ракот не е заразен. Може да се пренесе од една на друга личност само во еден случај – трансплантација на органи и ткива.
Погледнете ги и овие факти за ракот.