Научниците откриваат: Вежба која може да ви го продолжи животот
Здравјето е нешто што го добиваме еднаш во нашите животи. Наша должност е да се грижиме за него уште од самото детство. Колку подобро се грижите за вашето здравје, толку посреќен, подолг и поактивен ќе биде вашиот живот. Во продолжение можете да ја тестирате староста на вашето тело, но и да погледнете неколку вежби што ќе ви го подобрат здравјето и животот.
Тестирајте ја староста на вашето тело
Направете неколку вежби за загревање за да ги подготвите вашите мускули. Потоа наведнете се нанапред и обидете се да го допрете подот со дланките. Нозете и грбот држете ги исправени. Запомнете до каде стигнале вашите дланки, а потоа исправете се.
20-25 години
Можете да го допрете подот со исправени нозе. Вашите мускули се релаксирани.
25-38 години
Можете да го допрете подот со врвовите на прстите и со малку свиткани колена. Но вежбата не ви предизвикува неудобност.
38-50 години
Со прстите можете да го допрете горниот дел на стапалата, вашите колена се свиткани, а мускулите ви се напнати. Сакате што побргу да се исправите.
Над 50 години
Не можете да ги допрете стапалата, а кога се обидувате да го направите тоа морате да ги свиткате колената. Се чувствувате навистина неудобно во оваа положба.
Како да ја подобрите вашата флексибилност
Ако не сте задоволни со резултатите, немојте да паничите. Правете ја вежбата околу 30 пати дневно и ќе добиете изненадувачки резултати за само 1 месец.
Тибетските мудреци сметаат дека староста на телото на една личност зависи од состојбата на црниот дроб, кој пак е поврзан со оваа флексибилност. Секој знае дека долгото седење има лошо влијание и на мускулите и на органите. Кога ќе ја правите оваа вежба 30 пати дневно, вашите лигаменти и тетиви ќе станат посилни. А најдобрата вест е што можете да ја подобрите вашата флексибилност на која било возраст.
Како да ги опуштите напнатите мускули?
Статичната гимнастика ќе ви помогне да ги елиминирате грчевите во мускулите. Со оваа едноставна вежба ќе ја отстраните напнатоста и ќе го наполните телото со кислород. Исто така во оваа вежба учествуваат голем број мускули. Еден од најважните ефекти на вежбата е тоа што ги „масира“ внатрешните органи и ја подобрува дигестијата. А најдоброто нешто за вежбата е тоа што не ви е потребна никаква опрема и можете да ја правите каде што сакате.
- Задржете го воздухот.
- Вдишете длабоко и надувајте го стомакот.
- Повторно држете го воздухот.
- Издишете го целиот воздух и соберете го стомакот.
Погледнете ги и овие едноставни начини со кои ќе ја зголемите вашата флексибилност.