Научниците откриваат: Секојдневни предмети што не смеете да ги позајмувате на други луѓе
Уште од детството родителите нѐ учеле дека треба да ги делиме работите со други луѓе, без разлика дали станува збор за бонбони или за нашите емоции и стравови. Меѓутоа, кога станува збор за некои лични предмети, постои една строга граница што не треба да се преминува доколку сакате да си го зачувате здравјето. Дознајте кои предмети не смеете да ги позајмувате никому, па дури ни на вашите најдраги и најблиски…
Шапки
Добро прочитавте! Позајмувањето шапки или што било друго што ви ја допира и покрива главата, како што се четките, чешелите, навлаките за перници и слично е строго забрането. Сигурно сте запознаени со магичната способност на чешелите и четките да пренесуваат вошки, особено додека сте оделе на училиште. Меѓутоа, истите непожелни гости можат да се појават доколку спиете на туѓа перница или ја носите шапката на вашиот пријател. Нареден пат кога ќе сакате да ја скриете главата од сонцето, носете си ваша шапка!
Крема
Маските, серумите и кремите за лице што се наоѓаат во тегличка се сметаат за многу лични производи за нега на кожа. Со оглед на тоа што постојано ги ставате прстите внатре, постои ризик од пренесување бактерии, особено ако ја делите со пријател. Тоа може да доведе до габични инфекции, осипи, егзема, псоријаза и многу други кожни проблеми. Немојте да ги позајмувате вашите производи за убавина никому доколку сакате да се поштедите од голем број лекарски прегледи. Еден од начините да ја заштитите вашата кожа е да купувате производи во шишенце со пумпа за да го спречите пренесувањето на бактериите.
Долна облека и чорапи
Кога и онака веќе позајмувате многу работи, зошто да не ја позајмувате и вашата долна облека? Меѓутоа, мора да запомните дека некои делови од телата на луѓето се сосема различни. Ако ја делите долната облека со вашиот партнер, може да си предизвикате инфекција на уринарниот тракт, размена на генитални бактерии, осипи, чешање и слично. Што се однесува до делењето чорапи, тоа може да доведе до габична инфекција на стапалата, инфекција на петите, чешање и уртикарија. Без разлика дали станува збор за врска без обврски или за сериозна врска, секогаш носете си резервен пар гаќи и чорапи кога преспивате некаде.
Забен конец, чепкалка за заби и четка за заби
Ова можеби е најличниот хигиенски производ и докторите строго го забрануваат позајмувањето четка за заби. Делењето четка за заби може да доведе до зголемен ризик од инфекции. Обичната четка (што сте ја користеле околу 3 месеца) може да содржи многу бактерии, како што се ешерихија коли, стафилококус ауреус, бактерија што пренесува орален херпес, остатоци од храна и слично. Доколку станува збор за итен случај и немате четка за заби, докторите препорачуваат да ги измиете забите со чист пешкир. Никогаш не позајмувате нечија четка за заби!
Продолжува на следната страница…