Научниците откриваат: Кога треба да се загрижите дека немате доволно секс во врската?

Научниците откриваат: Кога треба да се загрижите дека немате доволно секс во врската?

Дали вашите пријатели имаат секс повеќе и почесто? Дали експериментираат? Тешко е да се одреди што е нормално за интимниот живот, бидејќи концептот на секоја врска е поинаква. Па, зошто постојат паузи? Одговорот најчесто се крие во малите деца, напорната работа, стресот, проблемите со здравјето и спиењето, земањето одредени медикаменти… Сето ова може да влијае на либидото. Но, без разлика на проблемите, вие не треба да се предадете и едноставно да престанете со сексуалните односи.

За долгите врски, редовниот секс е навистина корисен, и тоа веќе сите го знаеме. Вие на тој начин се приближувате, чувствувате љубов, си овозможувате задоволство. Покрај тоа, сексот е одличен за здравјето. Го намалува стресот, го подобрува сонот, овозможува можност за разговарање за вашите желби и фантазии… Па, колку често треба да имате интимни односи? Одговорот не е толку едноставен, бидејќи сè зависи од потребите и либидата на двајцата партнери, како и од способноста да толерираат и да преговараат.

Во многу случаи, токму квалитетот е важен, а не квантитетот. Секој пар има своја верзија за сексуален живот, и само вие можете да одлучите што е најдобро во вашиот случај. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека паровите меѓу 26 и 55 години во просек имаат секс еднаш неделно. Интересно е дека тие што го прават тоа почесто, имаат и повисок степен на среќа во животот. Но, дури ни статистиките не можат да се земат како универзално правило.

Ако добро комуницирате и се согласувате за тоа колку време сакате да поминувате во креветот, тогаш сè е во ред. Исто така, не заборавајте дека сексот не е само вагинална пенетрација, туку сите видови интимни моменти, од допири до бакнежи. Имајќи го сето ова на ум, кога треба да почнете да се грижите дека сексот во врската не е доволен?

Ако вие или вашиот партнер сте престанале да сакате секс или веќе не се грижите еден за друг, тогаш нешто во врската се променило. Особено ако исчезнале малите нешта и не се ни сеќавањето кога последен пат сте се бакнале. За почеток, пробајте сериозно да разговарате и откријте што се случува со вас и со вашата врска. Ако разговорот не ви помага, побарајте помош од психотерапевт и обидете се на тој начин да разберете што треба да правите.

И за крај, како најважно од сè – никогаш не гледајте ги туѓите примери, бидејќи врските се индивидуални. Тоа што за некому е можеби најдоброто решение, за вас може да биде чекорот што ќе води до крај на врската.

Психолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар