Научниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?
8. Спиете премалку
Недостатокот од спиење може да предизвика висната кожа и брчки. Причината е што кожата се обновува во текот на ноќта. Имајте на ум дека вашето тело губи многу течности во текот на спиењето, па важно е да нанесувате крема за навлажнување.
9. Сакате да џогирате
Џогирањето можеби не е најдобрата идеја за постарите лица. Комбинацијата од временските услови, како и постојаното тресење ја намалуваат еластичноста на кожата. Без сомнение џогирањето е еден од најдобрите методи за слабеење. Но, драстичното губење масти во комбинација со активности што ја деформираат кожата можат лошо да влијаат на вашето лице.
10. Често се грижите за ситници
Нашите грижи често се гледаат на лицето. По некое време овие изрази стануваат навика и може да биде навистина тешко да се ослободите од нив. Покрај тоа овие депресивни состојби водат до зголемено количество на кортизол кој има директно влијание на косата и кожата.
11. Стареете
Мускулите на лицето кои се одговорни за поддршка на коските се поврзани со коските на черепот само на една страна. Кога ќе се изгуби нивната еластичност, тоа резултира со виснати образи.
КАКО ДА ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ?
1. Козметика
- Кремите и серумите со големо количество ретинол и витамин Ц ѝ помагаат на кожата во производството на колаген.
- Геловите со алое вера и екстракт од нане ја подобруваат циркулацијата и ја стимулираат регенерацијата на кожните клетки.
- Кремите со висок заштитен фактор ги намалуваат негативните ефекти од сонцето и го забавуваат стареењето.
2. Контуринг
Декоративната козметика ќе ви помогне да ги сокриете несовршеностите на вашето лице. Најважно е да го изберете правилниот козметички продукт.
3. Правилна исхрана
Познато е дека она што го јадеме се рефлектира на нашето лице. За одржување на еластичноста на кожата нутриционистите советуваат консумирање продукти кои го стимулираат лачењето на колаген, како што се марула, јаткасти плодови, авокадо, аспарагус и риба. Истовремено избегнувајте ги продуктите кои ја задржуваат влажноста.
4. Масажа
Оваа масажа можете да ја изведувате дома. Можете да користите благ пилинг со овошна киселина пред да почнете со процедурата. Потоа нанесете масло за масажа и затоплете ја кожата за поголемо влијание на мускулите. Движете ги дланките во насока на стрелките на фотографијата погоре.
ВЕЖБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МУСКУЛИТЕ НА ЛИЦЕТО
- Насмеана сфинга: Обидете се да се насмевнете само со усните избегнувајќи ги мускулите на очите.
- Лицето на Буда: Опуштете се и фокусирајте се на точката помеѓу вашите веѓи. Ова ќе ви помогне да ги почувствувате мускулите и да го намалите стресот.
- Полни образи: Исполнете ги образите со воздух и пренесувајте го од една на друг страна.
- Бакнеж: Испакнете ги усните и нежно притиснете ги со прстот создавајќи отпор.
- Риба: Соберете ги образите внатре помеѓу забите така што лицето ви изгледа како риба.
Повторувајте ги вежбите по најмалку 5 пати. Само упорноста ќе ви даде резултати.
Дознајте и како си предизвикувате брчки без да знаете.