Научниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?
Со годините кожата ја губи својата еластичност па може да се појават виснати образи и брада. Резултатот е непријатен бидејќи кожата ги открива сите години што сме ги преживеале. Но во реалноста нема потреба од пластични операции за да се ослободите од овој проблем. Овие методи ќе ви помогнат на природен начин да се ослободите од виснатата кожа на лицето.
ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ ВИСНАТИ ОБРАЗИ?
1. Постојано го користите телефонот
Ако често го користите смартфонот или таблетот, има голема шанса да страдате од „смартфон лице“. Претераната употреба на електронски направи ве тера да гледате во едно место долго време. Поради ова се појавуваат брчки и висната кожа.
2. Целосно сте престанале со консумирање мрсна храна
Луѓето кои внимаваат на своето здравје избегнуваат мрсна храна, и тоа е одлично. Но, целосното отстранување на овие продукти може да има лошо влијание на кожата. Некои масни киселини како омега 3 и омега 6 ја одржуваат еластичноста на кожата и според некои истражувања, го намалуваат ризикот од рак.
3. Хормонална нерамнотежа
Една од главните причини за намалување на еластичноста на кожата е недостатокот од естроген. Овие женски хормони го стимулираат лачењето на еластин и колаген. Поради тоа жените со помалку естроген имаат висната кожа и брчки.
4. Јадете премногу слатки
Претераното консумирање шеќер исто така има влијание на еластичноста на кожата и може да го започне процесот на стареење многу порано. Според една популарна теорија, недигестираните молекули на шеќер можат да го спречат лачењето на еластин и колаген. Поради ова колку повеќе шеќер консумирате, толку постаро ви изгледа кожата.
5. Поминувате многу време на сонце
Ултравиолетовите зраци се штетни за кожата. Радијацијата навлегува во најдлабоките слоеви на кожата и буквално го уништува колагенот.
6. Драстично слабеење
Драстичното слабеење има негативен ефект на вашиот изглед. Можеби сте се ослободиле од мастите, но вишокот кожа останува. Поради ова ако сакате да ослабете, правете го тоа постепено.
7. Можеби имате проблеми со забите
Проблематичните умници или неправилното гризење можат да влијаат на мускулите на лицето. Напнатите мускули кои се појавуваат поради неправилната поставеност на забите можат да предизвикаат виснати образи.
Продолжува на следната страница…