Научете го телото да го намалува шеќерот во крвта и да се ослободи од вишокот килограми

Научете го телото да го намалува шеќерот во крвта и да се ослободи од вишокот килограми

Хранливите состојки што во вид на храна ги внесуваме во нашиот организам, со помош на метаболизмот се претвораат во енергија за работа на мускулите. Во човечкиот дигестивен систем, храната се разградува во 3 основни компоненти: Протеини, маснотии и јаглени хидрати или шеќери. Секој човек различно реагира на хранливите состојки кои преку храната ги внесува во организмот. Различната реакција е делумно наследна, но главно е последица на она со што се храниме. Брзината на метаболизмот е променлива. Со промената на продуктите во исхраната и начинот на нивното комбинирање, организмот може да се програмира побрзо да ги согорува калориите. Всушност, кога храната се разградува на протеини, масти и јаглехидрати, овие последните се двигател на инсулинот.

(1) Научете го телото да го намалува шеќерот во крвта и да се ослободи од вишокот килограми

Инсулинот е хормон што го произведува панкреасот и се лачи секогаш кога се внесува храна во организмот. Консумацијата на поголемо количество јаглехидрати во исхраната во форма на слатки и колачи создава повеќе гликоза во крвта, што од друга страна предизвикува лачење на повеќе инсулин за да ја транспортира гликозата таму каде што се чува енергијата во телото.

Постојат две големи складишта на енергија во организмот:

  • Гликоген, кој се чува во црниот дроб и во мускулите
  • Масти, кои се складираат околу внатрешните органи и под кожата

Кога вносот на калории и изборот на храната е исправен, а дневната активност е ефикасна, сè функционира како што треба: Инсулинот се произведува во умерени количини, складиштата на гликогенот постојано се празнат и се полнат, а поради контролираната консумација на јаглехидрати, наслагите на масно ткиво се минимални. Премногу јаглехидрати, заситени масти и алкохол, може да доведат до создавање вишок телесна маса.

(2) Научете го телото да го намалува шеќерот во крвта и да се ослободи од вишокот килограми

Потребно е репрограмирање на организмот за да ја преземе контролата над намалувањето на шеќерот во крвта, а тој процес за последица води кон губење на вишокот килограми без напор и гладување. Редовната физичка активност и правилната комбинација на продуктите ќе помогнат метаболизмот да се забрза и да ги потроши вишокот маснотии во организмот. За време на физичката активност, во телото ќе се лачи ендорфин (хормонот на среќата), па истовремено се намалува и стресот. Утринските вежби се многу важни за добар старт на денот и тоа најдобро ќе ја разбуди секоја ќелија во организмот. Утринските вежби го забрзуваат метаболизмот, а со тоа се зголемува и енергетската потрошувачка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар