Научете да бидете среќни, почнувајќи од денес

Научете да бидете среќни, почнувајќи од денес

Ова се 20 начини како да ја пронајдете среќата и да научите да бидете среќни.

Научете да бидете среќни, почнувајќи од денес

1. Научете да заборавате и простувате

Ако некој ви рекол или направил нешто лошо, не си земајте многу при срце. Луѓето умеат и несвесно да повредат некого. Патот до среќата е преку способноста да се прости и заборави. Оставете кажаните зборови или направените работи да лебдат во воздухот наместо да допрат до вас. Простете му на оној кој во минатото ви згрешил, првично заради самите себе. Не можете да бидете среќни ако се оптоварувате со она што се случило некогаш и ако сè уште чувствувате горчина.

2. Бидете љубезни

Оние кои се злобни и чувствуваат потреба да ги омаловажат другите за да се чувствуваат тие подобро се огорчени личности до кои не допира благосостојбата. Кога сте љубезни, љубезноста ви се враќа.

3. Вашите проблеми сметајте ги за предизвици

Верувајте, секој има проблеми, само што секој различно се справува со нив. Кога ќе се соочите со проблем или предизвик, помислете колку вие во иднина ќе имате научено од она што сте го доживеале. Колку ќе бидете поискусни, похрабри и поснаодливи. Она што нема да ве убие ве прави посилни.

4. Секогаш бидете благодарни

Луѓето кои ви значат и кои ви помогнале на каков било начин, заслужуваат да знаат што сториле. Слободно искажете ја благодарноста, дури и во ситуации кога некој не знае дека сторил нешто убаво. Кога келнерот ќе ве услужи добро, или јавниот службеник ќе покаже разбирање, кажете благодарам. Секогаш покажете дека го цените туѓиот труд.

Не заборавајте да помислите и на сето она што го имате. Среќните луѓе не се тревожат околу нештата кои ги немаат – никој нема сè. Тие се благодарни за она што го имаат.

5. Не плашете се да сонувате

Никој не постигнал среќа и успех без да сонува и да си поставува цели. Но не заборавајте дека за да ви се остварат соништата, најпрво треба да се разбудите.

6. Зборувајте добро за другите

Кога зборувате лошо за друг, си ги окупирате мислите со негативна енергија. Секој има и добри и лоши страни. Наместо да се фокусирате на нечии маани, мислете на добрите страни.

7. Живејте во сегашноста и уживајте во малите нешта

Уживајте во ситниците. Уживајте во слободниот ден, или пак во денот кога имате многу обврски и се чувствувате исполнето, уживајте во возбудата кога ќе отворите нова книга, шолјата жешко кафе наутро, колачињата на баба… Има толку прекрасни работи, што човек просто не знае на што попрво да му се радува!

Научете да бидете среќни, почнувајќи од денес

8. Не се споредувајте со другите

Штом еднаш ќе се фатите во стапицата на егото, тешко дека ќе избегате. Фокусирајте се на она што го имате, она за што сте способни, она што ве прави уникатни. Трудете се со секој нов ден да станувате подобра верзија од себеси, наместо да се натпреварувате со некој друг.

9. Сфатете дека не ви треба ничие одобрување

Сè што правите, правете го со самодоверба. Вие го живеете животот онака како што сакате и не ви треба ничие одобрување.

10. Бидете искрени

Сите знаеме да излажеме, но секогаш треба да се трудиме да бидеме искрени. Кон другите и кон самите себе. Не можеш да бидеш среќен ако си заробен во сопствените лаги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар