Натерајте го повторно да ве посакува со помош на овие 3 едноставни чекори
Многу парови со текот на времето ја губат уметноста на заведување или го мешаат нејзиното значење со предиграта, па погрешно претпоставуваат дека таа настанува само во спалната соба. Во својата основа, вистинското заведување вклучува исчекување, а не задоволување. Па, како би можеле да ја вратите уметноста на заведувањето во вашата врска и да ја искористите за да го подобрите вашиот сексуален живот?
1. Прашајте го што го возбудува и направете го тоа преку флерт
Побарајте од вашиот партнер да се наврати на времето кога само сте флертувале и кога тој се чувствувал привлечено од вас. Откријте зошто, поточно што е тоа што тој го сметал за толку привлечно. Дали е вашата смисла за хумор? Вашата насмевка? Можеби близината или позицијата на вашите тела? Или пак, тонот на вашиот глас? Откако ќе дознаете, флертувајте секојдневно со вашиот партнер со цел да ја одржувате страста помеѓу вас жива.
2. Одново откријте ја романсата помеѓу вас
Откријте што е тоа што вашиот партнер го смета за романтично. Многу е лесно да бидете романтични откако ќе дознаете што точно вашиот партнер сака и потоа ќе се фокусирате на тоа. Испланирајте љубовен состанок, создадете романтична атмосфера за време на вечерата и научете како да го зборувате јазикот на вашиот партнер.
3. Забавете додека го заведувате
Уживајте во секојдневните интимни моменти. Откријте точно што и на двајцата ви предизвикува да се чувствувате навистина секси, возбудени и забавете. Ова е особено важно за мажите кои многу често, ненамерно, го сфаќаат овој вид интимност како покана за секс. Токму поради тоа и многу жени се воздржуваат од ваков вид интимност кога не се расположени за секс, но сепак сакаат да се почувствуваат поблизу до својот партнер. За да го избегнете тоа, престанете да претпоставувате дека секоја нежност води кон однос и препуштете се на малите прегратки и бакнежи без притоа да иницирате секс. Покажете му на партнерот дека имате дисциплина, дури и во моментите на најдлабоката возбуда, да го ставите неговото задоволство над вашето.