Народно верување кое мора да го знаете: Како да се облекувате за да привлечете среќа?
Постои поврзаност помеѓу начинот на облекување и суеверијата. Повеќето луѓе имаат слушнато дека доколку облечат парче облека наопаку, следува изненадување. Во продолжение погледнете уште неколку верувања кои можеби не сте ги знаеле, но вреди да ги испробате за да видите дали навистина функционираат.
Носење облека наопаку
Доколку облечете некое парче облека наопаку и тоа случајно, на тој ден би требало да се израдувате. Според старите верувања, кога некој ќе ви каже дека наопаку ви е облеката, само насмевнете се и не се пресоблекувајте, доколку сакате целиот ден да ве прати среќа.
Непарен број копчиња
Доколку имате непарен број копчиња на облеката, тоа би требало да ви донесе посебна среќа. Интересно е дека давањето и примањето копчиња е симбол на пријателство. Исто така според народните верувања, доколку пронајдете некое копче, ставете го во џеб затоа што тоа ќе ви донесе повеќе среќа.
Носење облека со точки
Се верува дека носењето облека со точки носи богатство. Круговите кои се наоѓаат на облеката симболизираат пари кои ќе се најдат на вашата сметка доколку носите ваква гардероба.
Носење сини парчиња облека
Во некои делови од светот се смета дека сината боја е магнет за успех. Бидејќи небото е во сина боја, носењето на истата симболизира соединување со небото кое е симбол на бескрај и бескрајни можности. Познато е дека невестата на свадбениот ден треба да носи нешто сино, за среќа.
Носење чевли
Доколку врвките на вашите чевли упорно се одврзуваат, според народното верување тоа значи дека ќе добиете добри вести по пошта. Ставањето на чевлите на кревет или стол означува лоша среќа и кавга со некој. Ако добиете чевли како подарок од вашиот пријател, тоа значи дека сака да си одите од врската. Исто така старите верувања велат дека барем еднаш во животот треба да му поклоните некому чевли, затоа што ако не го направите ова, во следниот живот ќе одите боси.