Направете зимска детоксикација во само шест чекори

Направете зимска детоксикација во само шест чекори

Неколку мали промени навистина можат да му помогнат на вашето тело долгорочно да ја врши својата главна задача секој ден: чистење од токсини. Вашето тело постојано се ослободува од токсините, а вашата цел треба да биде дополнително стимулирање на природните процеси во телото со неколку мали тактики.

Направете зимска детоксикација во само шест чекори

1. Правилна хидратација

Пиењето вода во текот на денот му овозможува на вашето тело да го искористи овој еликсир на природата во своја полза, па затоа пијте вода и меѓу оброците. Клиниката „Мајо“ препорачува доза од 9 чаши вода на ден за жени и 11 чаши вода за мажи, но и многу други работи влијаат на хидратацијата. Ако вежбате, ако пиете многу кофеин или ако планирате да го поминете денот на сонце, не заборавајте да го зголемите внесот на вода. Придобивките од водата за вашето тело се бесконечни: детоксикација, губење на тежината, намалено чувство на слабост, спречување главоболка и подобро варење на храната.

2. Пијте вода со лимон

Водата со лимон е одлична замена за соковите. Иако лимоните се кисели по природа, тие се претвораат во алкалоиди во вашето тело. Пијте топла или млака вода со лимон наутро на празен стомак за да го хидрирате вашето тело и да го исчистите црниот дроб.

3. Додајте кокосово масло

Започнете го или завршете го денот со една лажичка кокосово масло. Познато е дека го забрзува метаболизмот и го регулира растот на кандидата во организмот, а одлично е ако го додадете и во кафето, во чајот или во смудито.

4. Постете 12 часа

Најидеално би било да постите цели 12 часа помеѓу вечерата и појадокот. Првите 6-8 часа по вечерата, вашето тело е насочено кон варење на храната, а последните 4 часа се посветени на чистење на организмот и тоа е најефикасниот период за согорување на мрснотиите.

5. Спијте во целосно темна просторија

Инвестирајте во темни завеси и спречете ја утринската светлина што ве буди (вклучувајќи ги уличното осветлување, мобилниот телефон или телевизорот). Придобивките од спиењето се: регулирање на хормоните, намалување на апетитот, ублажување на нивото на стрес, намалување на степенот на депресија, поттикнување на креативноста, подобрување на меморијата и позитивен поглед на животот.

6. Пробајте суво четкање на кожата

Одвојте неколку минути за да ја исчеткате кожата наутро или навечер, по можност пред туширање, ослободете се од мртвите клетки и оставете ја да дише слободно. Исто така, на овој начин го стимулирате протокот на крв во телото и ја зголемувате лимфната дренажа, што потенцијално може да го намали целулитот.

Прочитајте зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар