Направете здрав и вкусен намаз од јаболка и цимет
Овој намаз е многу лесен за подготовка и е многу здрав поради тоа што нема додадени шеќери. Може да го користите наместо висококалоричниот и полн со шеќер мармалад, да го ставите во слатки, да го намачкате на палачинки итн.
Потребни состојки:
- 3 јаболка
- една лажичка цимет
По желба додајте:
- ѓумбир
- мускатно оревче
- сок од лимон
- вода (ако е премногу густ за ваш вкус)
Начин на подготовка:
Излупете го јаболката, исчистете ги од семките и ставете ги во блендер заедно со циметот и другите состојки ако ги користите. Бледнирајте додека добро се соединат. Ако намазот ви изгледа премногу густ, додајте малку вода за да го проретчите и продолжете со блендирање. Потоа намазот е спремен за консумирање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.