Направете вашиот мозок да работи 200 на час

Направете вашиот мозок да работи 200 на час

Автор: Ана Петровиќ

Прогресивното губење на интелектуалните способности во медицината е познато како деменција. Најмоќниот процесор на светот, мозокот користи само 20% кислород, а произведува доволно енергија да го контролира целиот организам. За неговата моќ зборува и фактот што може да напои светилка од 20 вати.

Тоа е во најмала рака, најневеројатниот дел од човековото тело, а за да би функционирал беспрекорно мора да се посветите на менталната нега преку храната и вежбите.

napravete-vashiot-mozok-da-raboti-200-na-chas-kafepauza.mk

Топло чоколадо – одлично за мозокот

Истражувачи од Харвард утврдиле дека чоколадото е одлична храна за мозокот и дека две шолји вкусна чоколадна напивка можат да ја подобрат неговата работа.

Испитувањето е извршено на 60 лица, на старост од 73 години, кои секојдневно биле послужувани со две шолји топло чоколадо. По 30 дена резултатите биле зачудувачки позитивни.

Користете рибино масло во исхраната

Многу од нас го избегнуваат рибиното масло, што е голема грешка. Воопшто не е мит дека рибата е добра за организмот, како здрава намирница која треба почесто да се конзумира. Рибата посебно се препорачува на дијабетичари, кои треба да конзумираат најмалку две порции масна риба неделно.

Научете да жонглирате

Освен храната, која е главна превентива за појава на деменција, постојат и ментални вежби кои можете да ги практикувате во борба против губењето на менталните способности.

Едно од позабавните хобија кое може да ви помогнете да се концентрирате подобро и да обрнувате повеќе внимание на деталите е жонглирањето. Оваа вежба бара извонредна координација на рацете и очите, при што мозокот работи забрзано. По три месеци ќе видите напредок.

Спијте повеќе!

Мозокот обожува одмор, бидејќи на тој начин црпи енергија за нови информации. Од витално значење се 6 до 8 саати сон. За време на спиењето, мозокот не се исклучува целосно, само се наоѓа во фаза на мирување која целосно му годи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар