Направете стилска и модерна од обична памучна маичка
Обичните памучни маички се многу практични, но брзо ни здосадуваат, па само ни стојат во плакарите, избегнувајќи ги да станат дел од некоја комбинација. Доколку имате ваква маичка во вашиот плакар, можете да го направите овој лесен „направи сам“ туторијал за кој ви се потребни само ножици.
1. Отсечете го делот околу вратот или ако е поотворена маичката, само задниот дел.
2. Предиплете ја маичката на половина по должина, така што ќе ви остане пристапен задниот дел каде треба да работите.
3. Потоа со линијар или со друг прав предмет направете една коса линија која треба да се стеснува надолу.
4. Почнете да сечете ленти во дебелина на еден прст, почитувајќи ја границата која претходно ја исцртавте. Всушност бидејќи сечете во дупло, на крајот треба да добиете ленти кои формираат триаголник. Не мора да се грижите премногу за прецизноста со која сечете.
5. Кога ќе завршите, истегнете ги лентите една по една.
6. На крајот доаѓа најинтересниот дел, замотувањето на лентите кое го дава финалниот изглед. Погледнете го видеото за да видите како точно се постигнува овој ефект.
Добивте стилска маичка која е одлична за дневни комбинации и заштедивте неколку стотици, па и илјадници денари, колку што би платиле во бутик. Овие маички можат да се носат на голо или со други маички одоздола.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.