Направете совршено коњско опавче за само 5 минути

Направете совршено коњско опавче за само 5 минути

Коњското опавче е една од наједноставните фризури кои никогаш нема да излезат од мода. Тоа е соодветно за сите настани и може да се подготви за само неколку минути. Но, доколку сакате да го направите да изгледа навистина професионално и притоа немате доволно време, погледнете го следниот трик…

Направете совршено коњско опавче за само 5 минути

За оваа фризура ќе ви бидат потребни 2 ластичиња, 2 мали штипчиња, 2 мали црни шнолички, 1 голема штипка со која ќе го одделите вишокот коса и четка.

Постапка:
  1. Најпрво, поделете ја косата на два дела и соберете го горниот дел со големата штипка во висина на ушите.
  2. Од долниот дел направете малечко коњско опавче и добро зацврстете го со ластикот за коса.
  3. Малото коњско опавче поделете го на два дела и горниот дел прицврстете го со една мала штипка, а долниот истапирајте го за да добиете волумен.
  4. Исчешлајте ја отпуштената коса и заврзете ја заедно со долната во едно коњско опавче.
  5. По желба, извлечете ја малку косата кај темето со цел дополнително да го нагласите профилот.
  6. Издвојте го горниот дел од коњското опавче и под него поставете го уште едното мало штипче.
  7. За крај, од долниот внатрешен дел издвојте таен прамен и измотајте го околу ластичето за да го скриете, зацврстете со малите црни шнолички и вашата фризура е готова.

За подетално објаснување, погледнете го следново видео:

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар