Направете сируп од листовите на ружа и подгответе се да бидете воодушевени од ефектот

Направете сируп од листовите на ружа и подгответе се да бидете воодушевени од ефектот

Многумина користат сируп од листови на ружа како состојка во коктел. Меѓутоа тоа што можеби не сте го знаеле досега е дека овој сируп има исклучително многу здравствени придобивки.

На пример, тој е одличен за:

  • Несоница
  • Анемија
  • Артритис
  • Чистење бубрези
  • Зајакнување срце
  • Мигрени
  • Недостаток на витамин Б12
  • Недостаток на тијамин
  • Невролошки нарушувања
  • Кожни заболувања
  • Тврда столица

За да ги почувствувате ефектите во однос на состојбите набројани погоре, како и уште многу други што не се на оваа листа, најдобро е да земате од 2 до 4 лажици дневно. Рецептот за подготовка е многу едноставен, а постојат и големи шанси веќе да ги имате сите состојки во домот. Погледнете…

Потребни состојки:

  • 2 шаки ливчиња од ружа
  • 250 грама шеќер
  • 1 лимон
  • 500 милилитри вода

Начин на подготовка:

Најдобро би било да ги наберете ливчињата наутро, и да ги потопите во вода за да ги отстраните нечистотиите. Потоа ставете ги во тегла, прелијте ги со 500 милилитри врела вода и покријте ги само со чинија бидејќи не смеат да бидат целосно затворени. Оставете ги да отстојат 24 часа. Сипете ја добиената мешавина во тенџере, додајте шеќер и варете додека не се стопи. Потоа додајте го и сокот од лимонот, па варете уште 4, 5 минути.

Дознајте и како да направите сируп за ледено кафе!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар