Направете шик летен шорц од стари фармерки
Стари фармерки, ножици, скалпел, моливче, кујнска даска за сечкање и машина за перење алишта. Тоа е сè што ви е потребно за да ги направите овие модерни ретро шорцеви, од стариот пар фармерки кои со години фаќаат прашина во вашиот плакар.
1. Облечете ги старите фармерки (долги или куси) и обележете со моливче за облека, до каде точно сакате да биде нивната должина.
2. Соблечете ги фармерките и со ножиците почнете да сечете полукружно од надворешниот кон внатрешниот раб. Оставете поголема должина кај внатрешниот раб, бидејќи поубаво ќе изгледаат ако се покуси кај надворешниот раб. Поклопете ги двете ногавици и обележете ја неисечената ногавица, за да ги поткастрите идентично.
3. Повторно облечете ги шорцевите и видете дали ви се допаѓа должината. Коригирајте ги уште малку доколку така преферирате. Откако ќе ја добиете посакуваната должина, поставете ја кујнската даска на масата и со скалпел направете неколку хоризонтални линии на едната ногавица и неколку пократки на другата. Притоа внимавајте да не ги исечете џебовите и задната страна од ногавиците.
4. Исперете ги шорцевите во машина за перење, со цел сината боја од конците да стане бела и за да добиете подефинирани отвори. За уште повеќе да ги растресете конците, употребете пинцета и повлечете ги малку. Оставете ги шорцевите да се исушат и потоа погледнете дали ви се допаѓаат. Доколку сакате повеќе отсечоци напред, повторете ја постапката со скалпелот и машината за перење, додека да станете задоволни.