Направете сами домашен еурокрем
Веќе не мора да купувате еурокрем. Овој крем е подобар и од Нутела.
Потребни состојки:
- 150 мл вода
- 300 грама шеќер
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 200 грама путер
- 200 грама млеко во прав
- 100 грама чоколадо
- 100 грама бело чоколадо
Начин на подготовка:
Ставете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер во сад на оган додека убаво не се растопат. Додајте им го белото чоколадо и мешајте додека и тоа не се растопи. Кога ќе почне да вари извадете ја смесата од оган, додајте ги путерот и шеќерот во прав, поделете ја на два дела и оставете ја да се излади. Растопете го темното чоколадо во друг сад на пареа и во него додајте ја едната половина, а другата оставете ја бела. Потоа додавајте од двете смеси по една лажица во тегла за да не се измешаат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.