Претходно
Направете сами: Сув шампон за коса
Масната коса е мака на многу девојки. Но, со овој едноставен рецепт ќе можете самите да си направите сув шампон и никогаш повеќе да не излезете со масна коса од дома.
За подготовка на овој шампон потребни ви се:
- Пченкарен скроб
- Етерично масло од лаванда или лимон
- Оризово брашно
- Брашно од индиска маранта
Начин на подготовка:
Во сад за складирање сол или бибер измешајте 6 до 10 капки етерично масло од лаванда или лимон и по 2 лажици пченкарен скроб, брашно од индиска маранта и пченкарно брашно. Промешајте и ставете ја смесата на коренот на косата. Малку измасирајте, оставете да делува 2-3 минути, а потоа по потреба исчешлајте по должината на косата.
Погледнете и каков сув шампон одговара на бојата на вашата коса.