Направете сами: спреј за осветлување на косата

Направете сами: Спреј за осветлување на косата

Спреовите за осветлување на косата се одлични бидејќи со нив добивате природен изглед кој не чини многу. Исто така, на овој начин нема да ја оштетите косата како што би ја оштетиле при шатирање. За овој спреј, веројатно веќе ги имате сите состојки и материјали, па ако сакате посветла коса продолжете со читање.

napravete-sami-sprej-za-osvetluvanje-na-kosata-kafepauza.mk

Потребно:
  • ½ чаша вода
  • ¼  хидроген пероксид
  • ¼ лимонов сок
  • ½ готов силен чај од камилица
  • Шишенце со пумпа за прскање
Начин на подготовка:

Турете ги сите состојки во шишето и полека мешајте додека целосно не се изедначат. Испрскајте на сува коса и стилизирајте ја како што ја стилизирате секогаш. Потребни се неколку употреби додека ги забележите резултатите.  Ако чекањето не ви е силна страна, тогаш сушете ја косата со фен редовно и резултатите побрзо ќе бидат видливи.

Совет плус: Ако бојата на косата ви е потемна, тогаш спрејот ќе ви ја осветли косата малку, односно ќе добиете нијанса како бринета или малку кон алова боја, но не и руса. Ако целите кон 3 нијанси посветло од нијансата на вашата коса, тогаш подобро е да одите на фризер. Како и секогаш, прво тестирајте на перче од косата пред да ја испрскате цела, за да видите како косата ќе реагира на продуктот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар