Направете сами: Најубавата плетенка „круна“ која досега сте ја виделе!

Направете сами: Најубавата плетенка „круна“ која досега сте ја виделе!

Плетенките веќе неколку сезони се многу популарен бјути тренд, додека најинтересна помеѓу нив е плетенката „круна“, која претставува многу ефективен детаљ за кој треба да издвоите минимално време и труд. Колку и да ви звучи комплицирано, ваква плетенка можете да исплетете сосема сами, а во тоа ќе ви помогне денешниот туторијал. Погледнете како сами да ја исплетете најубавата „круна“ која сте ја виделе досега!

2-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_

Правењето на оваа фризура ќе го започнете со тоа што прво ќе направите крупни локни со помош на фигаро, а потоа секоја локна ќе ја попрскате со спреј за зајакнување и обликување на косата. Кога ќе завршите со ова, најнапред издвојте еден прамен коса од средина на главата, и од него направете плетенка која оди накосо, а потоа исплетената коса префрлете ја преку главата, на тој начин што ќе направите круна.

3-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_ 4-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_5-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_6-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_ 7-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_

Откако ќе завршите со тоа, косата понатаму поделете ја на уште два дела, кои ќе ги исплетете во француска плетенка, но на тој начин што секоја плетенка ќе се надоврзува на претходната. Плетенките зацврстете ги со шноли и водете сметка тие да бидат добро фиксирани, за да не се растурат.

9-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_ 10-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_ 11-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_ 12-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_

И тоа е тоа, најубаво сплетената „круна“ која сте ја виделе, сега можете да ја направите сами и да ја носите со крената глава.

13-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_ 14-napravi-sama-najubavata-kruna-pletenka-koja-ste-ja-videle-do-sega-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар