Направете сами: Капиново вино, лековита напивка која ги регулира притисокот и циркулацијата
Капиновото вино се препорачува за оние кои страдаат од анемија, замор, како и за регулирање на варењето на храната, притисокот и циркулацијата. Капиновото вино, особено кај децата, може да го подобри и слабиот имунитет. Тоа го зголемува апетитот и помага при подобро функционирање на целото тело.
Ова вино благотворно делува и на кожните болести, додека големото количество витамин Ц, различните минерали и особено железото, се одлични сојузници при полесно справување со анемијата, уморот и вртоглавиците. Кога во организмот недостасува железо, кислородот не може нормално да пристигне до сите клетки од телото, па токму затоа и почнуваат голем број проблеми.
Потребни состојки:
- 10 килограми зрели капини
- 2 килограми шеќер
Начин на подготовка:
Добро згмечете ги зрелите капини, а потоа измешајте ги со најмногу 3 килограми шеќер. Оваа мешавина префрлете ја во стаклено шише и оставете ја да стои 2 месеца на сонце. Внимавајте да не го затворите премногу цврсто шишето.
Откако ќе поминат 2-та месеца, исцедете го вашето ново подготвено капиново вино во ново стаклено шише кое ќе стои само на ладно и темно место. И покрај тоа што е највкусно да се пие за време на јадењето, најголем ефект ќе почувствувате доколку го пиете наутро на празен стомак или навечер, пред да спиете, но не веднаш по вечерата.
Се препорачува дневна доза од 50 до 100 милилитри во тек од 2-3 месеца. Ова вино е безбедно за деца, како и за трудници.