Направете сами: балетанки со врв во различна боја

Направете сами: балетанки со врв во различна боја

Во последно време сè повеќе девојки ги заменуваат своите еднобојни балетанки со оние со врв во различна боја. Доколку сакате да го пробате овој стил и вие, нема потреба од купување нови. Со помош на овој краток туторијал можете многу брзо и лесно сами да ги „трансформирате“ вашите омилени еднобојни балетанки во балетанки по најновиот тренд – со врв во различна боја.Направете сами: балетанки со врв во различна бојаШто ви е потребно:

  • пар еднобојни балетанки
  • универзална боја
  • четка за боење
  • селотејп (одберете го оној вид кој најлесно се одлепува)

Начин на изработка:

1. Внимателно покријте го со селотејп делот кој не сакате да го обоите. Пожелно е да го заштитите и ѓонот на балетанките, за да не го офарбате и него. Особено внимавајте одделувањето со селотејпот да биде исто и кај двете обувки.Направете сами: балетанки со врв во различна боја2. Започнете со боењето. Во зависност од материјалот на вашите балетанки, како и од бојата, може да биде потребно нанесување на повеќе слоеви за подобар ефект. После секој нанесен слој оставете ги балетанките добро да се исушат (по можност и цела вечер).Направете сами: балетанки со врв во различна боја3. Кога ќе завршите со боењето внимателно извадете го селотејпот од балетанките. Доколку има потреба, можете да ги поправите сите нерамни и нееднакви делови со мала четка за боење. Исто така по ваш избор можете да додадете и мала машничка или некој друг вид декорација на балетанките која би била со иста боја како новообоениот врв.Направете сами: балетанки со врв во различна боја


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар