Направете сами: апостолки со бисерчиња
Иако се удобни и лесни, апостолките не се за секаде, но дефинитивно се за на плажа и за на некој опуштен викенд, па сигурни сме дека овој интересен туторијал ќе ви се најде периодов и ќе ве направи малку поразлични од останатите. Всушност, најдоброто е што можете да се опуштите и да ја истакнете вашата креативност користејќи различни монистри и бисерчиња во каква боја сакате. За поелегантен изглед кој ќе можете да лесно да го комбинирате, можете да употребите бели бисерчиња со монистри во златни нијанси како на сликите подолу.
Потребни материјали:
- 1 пар бели апостолки
- 1 макара бела лента (или исечете си сами лента од некој бел материјал)
- многу бисерчиња и монистра (и малечки школки ако успеете да пронајдете)
- лепак
- игла и конец
Чекор 1: Нанесете малку лепак на надворешната страна од едното ремче, почнувајќи од долниот дел на апостолката и залепете го едниот крај од белата лента.
Чекор 2: Продолжете да ги обвиткувате ремчињата од апостолката со белата лента сè додека не се целосно покриени. Додавајте лепак одвреме-навреме за да биде лентата посигурна и не заборавајте добро да го опфатите делот кај прстите.
Чекор 3: Земете уште еден дел од лентата, нанесете лепак на врвот и вртете ја лената над и под ремчињата наизменично. Внимавајте овој дел да не биде премногу краток бидејќи нема да има добар ефект, но не смее да биде ни премногу долг за да ви бидат удобни апостолките.
Чекор 4: Можете да започнете со најинтересниот дел, украсувањето со бисерчиња и монистра! Започнете на врвот, најпрво нанесете лепак, а потоа залепете го првото бисерче. Протнете конец и зашијте од двете страни за да биде посигурно. На истиот принцип додадете ги и монистрата и школките. Продолжете сè додека не го исполните целиот материјал.
Чекор 5: Вашите нови и уникатни апостолки се готови! Добар маникир и спремни сте за на плажа. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.