Направете одличен десерт со комбинација на црвено вино и чоколадо
Сте помислиле ли некогаш да комбинирате црвено вино и чоколадо? Овој десерт изгледа богато и вкусно, се прави брзо, а потребни се само неколку едноставни состојки. Еве како самите да го направите дома.
Потребни состојки:
- 360 милилитри млеко
- 60 грама темно чоколадо (исечкано на мали коцки)
- 240 милилитри црвено вино
Начин на подготовка:
Ставете 360 милилитри млеко и 60 грама темно чоколадо во тенџере и загревајте на средна температура. Мешајте додека смесата не се соедини и додека не стане густа и кремаста. Додајте 240 милилитри црвено вино и продолжете со мешање. Отстранете го садот од огнот, ставете ја смесата во чаши и декорирајте со маршмелоу или шлаг.
Потоа, сместете се во удобна позиција, облечете топол џемпер и уживајте во совршената вечер.