Направете ја вашата слика целосна: 6 начини да го надополните вашиот изглед
Доколку имате многу облека, за која сметате дека е неупотреблива, тогаш ова е вистинскиот текст за вас. Некои работи едноставно многу подобро изгледаат во комбинација со други. Сигурни сме дека ги поседувате парчињата кои се совршени за комбинирање, но ако некои од нив ги немате, тогаш ова е вистинскиот момент да ги купите.
1. Марама
Фармерките и блејзерите за многумина се секојдневие. После некое време тие стануваат како еден вид униформа, а тоа секако мора да го промените. Со помош на марама или шал, во зависност од годишното време, може да го освежите вашиот проверен изглед. Без разлика дали е еднобојна или со принт, марамата ќе ја освежи вашата комбинација.