Направете 10 парчиња облека од едно парче материјал
Секоја девојка е секогаш расположена за воведување нешто ново во својот стил. Затоа, знаеме дека ќе ви се допадне овој моден совет.
Видеото на Сара Левенсон Јоновер ќе ве воодушеви бидејќи ќе ви покаже како со само едно парче материјал од 1 метар можете да постигнете 10 различни изгледи. Замислете што сè можете да постигнете со неколку парчиња материјал од по 200-300 денари! Од материјалите добар избор е памукот-жерсеј кој треба да го споите на краевите со две ластичиња за коса.
Во видео туторијалот ќе видите 10 фантастични идеи со чија помош парчето ткаенина можете да го претворите во шал, топ, маичка, наметка, фустан или парео.