Претходно
Напивка од јаболков оцет која го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето
Пиењето на овој пијалак наутро на празен стомак придонесува за чистење на вашиот организам од токсините. Тој ќе ви го подобри варењето во текот на денот, ќе ви го забрза метаболизмот и на тој начин ќе ве однесе поблиску до губењето на килограмите.
Потребни состојки за една доза:
- 2 лажици сиров, нефилтриран јаболков оцет
- 2 чаши филтрирана вода
- ½ лажичка мед
- прстофат цимет, ѓумбир и мускатно оревче
Начин на подготовка:
Силно мешајте ги сите состојки додека медот сосема не се растопи во течноста. Потоа пијалакот е спремен за пиење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.