Напијте се чаша здравје секој ден!

Напијте се чаша здравје секој ден!

Најверојатно досега сте ја слушнале фразата „Вие сте она што го јадете“. Но, вие сте и она што го пиете, бидејќи пиењето многу течности, може да му помогне на вашиот организам да се ослободи од токсините, кои можат да бидат предизвикувачи на тешки болести. Течностите, исто така можат да ви помогнат повеќе часови да се чувствувате сито, благодарение на што, ќе јадете помалку храна. Ова е добра вест, бидејќи одржувањето на здрава телесна тежина, може да го намали ризикот од заболување од неколку видови рак. Но, не секој пијалак ја има таа моќ. Во продолжение ви ги прикажуваме предностите и слабостите на популарните пијалаци.

Напијте се чаша здравје секој ден!

Кафе – шолја полна со здравје

Здравствени придобивки: Антивоспалителните и антиоксидантските својства кои ги има кафето, може да спречат заболување од дијабетес, срцев удар и некои видови рак.

Што да избегнувате? – Додатоци за кафе, како шеќер, млечна пена, шлаг, преливи и млеко, бидејќи тие можат да додадат просечно околу 700 калории на само една шолја кафе. Кафето само по себе, нема калории. Пресметајте колку масни наслаги е тоа во обем, доколку пиете секој ден по две шолји.

Препорачлива дневна доза: Кофеинот може да предизвика загуба на течности, поради што вашето тело, може да има тешкотија да се ослободи од токсините. Затоа држете се во граници од 200 до 300 милилитри чисто кафе, без додатоци.

Напијте се чаша здравје секој ден!

Овошен сок – одберете некој со помалку шеќер

Здравствени придобивки: Сокот од овошје е одличен начин за внесување на многуте витамини кои му се потребни на вашето тело.

Препорачлива дневна доза: Обидете се да не пиете повеќе од една чаша од тетрапак сок дневно, бидејќи тој е полн со шеќери.

Совет: Гледајте почесто да пиете свежо цеден сок, или кога веќе купувате, одберете го оној на чија амбалажа пишува 100% природен сок (не пијте сирупи на растворување). На овој начин, ќе ги избегнувате штетните засладувачи и големиот број внесени калории.

Напијте се чаша здравје секој ден!

Чај – белиот е најдобар

Здравствени придобивки: Чајот го забрзува вашиот метаболизам, што може да ви помогне да одржувате здрава телесна тежина. Уште повеќе, антиоксидансите кои ги има во чајот, можат да му помогнат на вашето тело да се ослободи од токсините, како и да ги спречат абнормалните клетки да се претворат во рак, вели Националниот институт за рак.

Знајте кој е вашиот најдобар избор! – Сакате да се „наполните“ со антиоксиданси? Тогаш пијте бел чај. Зелениот чај е вториот најдобар избор. Црниот чај, има помалку антиоксиданси кои се борат со ракот.

Што да избегнувате? – Избегнувајте да ставате шеќер или засладувачи во шолјата чај, бидејќи тие додаваат многу калории на пијалакот.

Препорачлива дневна доза: Лимитирајте ја консумацијата на не повеќе од 1 литар незасладен чај дневно и пијте поголеми количини вода.

Напијте се чаша здравје секој ден!

Газиран сокови – избегнувајте ги секогаш кога е тоа можно

Бидете внимателни со консумацијата на газирани пијалаци. Диетални или не, тие секако не се воопшто здрави. Уште полошо е тоа што, газираните сокови е лесно да се пијат во големи количини, но не ви даваат чувство на ситост. Така, вие продолжувате да ја полните повторно и повторно чашата и никогаш не се чувствувате задоволно.

Штетни состојки: Во лименка со газиран сок од 0,33 мл има скоро 150 калории, кои можат да ви наталожат масти во пределот околу стомакот и да го зголемат ризикот од заболување од рак, вели Американскиот институт за истражување на ракот. Плус, фосфорот кој го има во газираните сокови, им отежнува на коските да апсорбираат калциум, што од своја страна ве става на ризик од фрактура на коските и остеопороза.

Напијте се чаша здравје секој ден!

Нека водата биде вашиот омилен пијалак

На врвот на листата на здрави течности, дефинитивно е водата. Можете да пиете по колку чаши сакате на ден. Водата ја одржува хидратацијата на вашите мускули, така што физичката активност е поедноставна и со со поголема продуктивност.

Здравствени придобивки: Пиењето вода пред и за време на оброците ви го полни стомакот и спречува да изедете храна во прекумерни количини. Исто така, внесувањето доволно течности во организмот е дел од секоја здрава диета.

Напијте се чаша здравје секој ден!

Совет: Запомнете, повеќето од витамините, хранливите материи и антиоксидансите треба да ги внесувате преку природно овошје и зеленчук, а не преку пијалаци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар