Намирници кои се штетни за здравјето на вашите бубрези

Намирници кои се штетни за здравјето на вашите бубрези

Бубрезите се еден од најважните органи во нашето тело, а нивната главна задача е филтрирањето на крвта. Поради ова, важно е да го зачувате нивното здравје што е можно подобро. Некои прехранбени продукти можат да предизвикаат навистина голема штета на бубрезите, доколку ги консумирате пречесто. Во продолжение погледнете за кои станува збор.

Намирници кои се штетни за здравјето на вашите бубрези

1. Алкохол

Алкохолот е отров кој бубрезите треба да го филтрираат. Умереното консумирање алкохол не им ја отежнува работата на бубрезите, но доколку претерате им создавате голем притисок. Големото количество алкохол ја менува функцијата на бубрезите, како што ја менува и функцијата на мозокот.

Алкохолот го дехидрира организмот, а водата е од голема важност за правилно работење на бубрезите. Ова е една од причините поради кои мамурлакот може да биде неподнослив. Па секогаш кога пиете алкохол, не заборавајте да пиете и вода.

2. Сол

Натриумот е важна состојка што му помага на телото да го одржи количеството вода. Но доколку има премногу сол во вашата исхрана, бубрезите се присилени да чуваат повеќе вода за да ја разредат крвта. На крај ова резултира со висок крвен притисок, а може да настане и оштетување на микроскопската структура на бубрезите.

3. Кофеин

На многумина им е потребна дневната доза кофеин за да можат правилно да функционираат. Но бидејќи кофеинот е стимуланс, тој го забрзува дотокот на крв и може да го зголеми крвниот притисок. Кофеинот е и благ диуретик, што значи дека влијае на способноста на бубрезите за апсорбирање на водата. Во мали количини, кофеинот не предизвикува штета. Но прекумерната консумација може да ги влоши веќе постоечките болести на бубрезите, како и да предизвика камења.

4. Газирани и енергетски пијалаци

Овие пијалаци се преполни со шеќер и предизвикуваат многу проблеми. Нема никаква здравствена придобивка од нив, па отстранувањето на овие пијалаци од исхраната е најдоброто нешто што можете да го направите за вашите бубрези, но и за целокупното здравје.

5. Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи, како оние во диеталните сокови, имаат за цел да ја намалат зависноста од шеќер, но ова е неуспешно. Истражувањата покажале дека употребувањето на продукти со вештачки засладувачи не ја намалува потрошувачката на шеќер. Доколку барате подобра замена за шеќер, пробајте природна стевија или мед.

6. Млечни продукти

Млечните продукти се богати со калциум и други хранливи материи. Тие можат да бидат здрав додаток во вашата исхрана, но не смеете да претерате со нивно консумирање. Премногу калциум може да предизвика камења во бубрезите. Исто така, преоптоварените бубрези не можат да го обработат протеинскиот отпад. Некои истражувања покажале дека ограничувањето на млечните производи кај луѓето со проблеми со бубрезите, може да ја одложи потребата за дијализа.

7. Неорганска храна

Сигурно знаете дека отровите се штетни, но веројатно не знаете дека е речиси невозможно да се ослободите од сите пестициди во неорганските продукти, бидејќи тие продираат во храната. Кога еднаш ќе ги проголтате, телото не е во состојба да ги исфрли, па тие се таложат со текот на времето. Точната врска помеѓу пестицидите и болестите на бубрезите не е позната, но експертите сметаат дека високото ниво на пестициди во организмот предизвикува значајно оксидативно оштетување на бубрезите.

Дознајте и кои се навиките со кои им штетите на вашите бубрези.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар