Намирници кои помагаат во спречувањето мозочен удар
Постојат многу фактори кои може да предизвикаат мозочен удар, а еден од нив е погрешната исхрана. Доколку ја смените исхраната и започнете да внесувате намирници со помалку масти, може да го намалите ризикот за добивање мозочен удар.
Лошите прехранбени навики може да доведат до висок ризик од мозочен удар, велат експертите. За да живеете поквалитетно и поздраво, но и да го намалите ризикот од добивање мозочен удар, намалете го консумирањето намирници кои содржат масти, холестерол, шеќер и сол. Од друга страна, во дневната исхрана треба да вклучите овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси и цели житарици.
Зеленчук и јаткасти плодови
Гравот и грашокот се добар извор на влакна кои помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта и високиот крвен притисок, кои пак, се чести виновници за мозочниот удар. Потоа, се препорачуваат јаткасти плодови и семиња, кои имаат фолна киселина којашто е добра за мозокот. Јатките и семињата може да ги користите во салати или да ги консумирате со јогурт.
Риба
Рибата е одличен извор на омега-3 масни киселини. Се да се јаде лосос, туна, сардели и скуша. Експертите препорачуваат консумирање две порции риба неделно.
Цели житарици
Кафеавиот ориз, јачменот и просото се цели житарици кои би требало да ги вклучите во својата исхрана доколку сакате да го намалите ризикот од мозочен удар. Добро е да се јадат и тестенини од цели пченични зрна. Според повеќе истражувања, исхраната богата со цели житарици може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 36%. Житариците се добри и во борбата против други здравствени состојби, како дијабетес и срцеви болести.
Намирници со калиум и магнезиум
Калиумот помага во регулирањето на крвниот притисок, но и во намалувањето на ризикот од мозочен удар. Бананите се популарен извор на калиум, но го има и во авокадото и слаткиот компир. Исхраната треба да вклучува намирници кои содржат магнезиум бидејќи овој минерал помага во спречувањето на згрутчувањето на крвта.
Лук
Лукот има многу лековити својства. Едно од нив е тоа што го намалува крвниот притисок, го спречува згрутчувањето на крвта и го намалува холестеролот во крвта. Треба да го користат и заболените од срцеви болести.
Темно чоколадо
Темното чоколадо позитивно влијае на крвниот систем. Тоа го активира делот од мозокот што е поврзан со учењето и помнењето.
Следно, прочитајте за овие 6 намирници кои најдобро го чистат дебелото црево.