Намирници кои можеби не се вегански, иако мислите дека се

Намирници кои можеби не се вегански, иако мислите дека се

Веганството е начин на живот со кој се практикува одбегнување на користење производи кои поттикнуваат насилство или експлоатација на животните за производство на храна. Земајќи ја оваа дефиниција предвид, треба да се запрашаме дали всушност сите намирници кои мислиме дека се вегански навистина се тоа.

Намирници кои можеби не се вегански, иако мислите дека се

Мед

Медот е вегански доколку во процесот на производство не биле повредени пчели. Прашањето е: колку можеме да знаеме за начинот на производство на готовиот мед кој го купуваме во продавница или на пазар? Многу вегани го одбегнуваат медот поради оваа причина.

Путер од кикиритки

Некои брендови се направени само од масло и кикиритки, но во одредени има состојки кои можеби не се вегански. Прочитајте ги состојките на путерот од кикиритки пред да го купите.

Крем од лешници

Кремовите од лешници како „Нутела“ не се вегански. Во голем дел од нив има млеко, иако во одредени земји може да се најдат и вегански верзии од нив.

Шеќер

Многу компании кои произведуваат шеќер користат алатки или уреди направени од животински коски во процесот на производство. Сепак, повеќето од нив денес користат помодерни методи и произведуваат шеќер кој е вегански.

Чоколадо

Чоколадните производи кои содржат млечни додатоци или шеќер може да бидат невегански. Барајте чоколадо кое содржи само малку додатоци. Темното чоколадо е безбедно за јадење.

Путер

Путерот содржи млеко и не е вегански. Треба да се внимава и со пекарските производи бидејќи некои пекари користат путер.

Крекери

Повеќето од брендовите на солени крекери се вегански, но треба да се проверат состојките за да се биде сигурен дека во нив нема остатоци од путер или сирење.

„Орео“ колачиња

Брендот на колачиња „Орео“ содржи состојки кои може да вклучуваат млеко, што ги прави невегански.

Вино

Изненадувачки, но секое вино не е веганско. Во производството на некои вина се користат остатоци од животински производи.

Чипс

Треба да истражите дали брендот користи ароми и вкусови кои содржат невегански состојки, како сирење. Повеќето брендови на класичен чипс се сепак вегански.

Џем

Џемот е вегански доколку не содржи мед. Во пакуваните џемови се додаваат засладувачи за вкус, така што повеќето џемови се вегански.

Карамела

Карамелата најчесто не е веганска бидејќи содржи путер или млечни додатоци. Оние кои се произведени на едноставен начин, без многу додатоци, се вегански доколку и шеќерот е вегански.

Следно, прочитајте за истражувањето кое вели: Доколку сакате да живеете подолго, станете вегани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар