Наместо дезодоранс, искористете го ова овошје за суви и миризливи пазуви
Постои добра причина зошто човечкото тело произведува пот. Во неа постои соединение познато како дермицидин кој ги убива несаканите бактерии пред тие да успеат да пронајдат пат и да се вовлечат во телото.
Меѓутоа, на работата на дермицидинот ѝ пречат антиперспирантите, што поради алуминиумите и токсините кои ги содржат, ги затвораат потните жлезди. Така бактериите на телото се множат и навлегуваат во крвотокот. Покрај ова, алуминиумот и токсините од антиперспирантите се одговорни за Алцхајмерова болест, рак и проблеми со репродуктивните органи. Затоа е препорачливо да се префрлите на природните варијанти на дезодоранси, кои можете да ги најдете на пазарот. Станува збор за лимета, овошје кое не само што е целосно безбедно, туку и се смета за многу поефикасно од купените дезодоранси.
Како да ја користите лиметата?
Земете една свежа лимета и пресечете ја на половина, а потоа добро намачкајте ги пазувите. Оставете да се исуши и дајте ѝ време на лимонската киселина да почне да работи, па потоа облечете се.
Зошто е добра за вас?
Потта сама по себе нема непријатен мирис, туку тој е предизвикан од габи и бактерии кои дермицидинот не успеал да ги отстрани, па тие продолжуваат да напредуваат. Сокот од лимета има антибактериски својства и така ве ослободува од непријатниот мирис. Покрај тоа, наместо како комерцијалните дезодоранси кои само го „маскираат“ непријатниот мирис, лиметата спречува тој воопшто и да се појави!