Наместо да се жалите дека никој не ве поддржува, поддржете се вие самите!

Наместо да се жалите дека никој не ве поддржува, поддржете се вие самите!

Ако некогаш се наоѓате во тешки моменти и чувствувате дека сите ве напуштиле, можеби сте во право, но не сте земале предвид некој кој би требало, а тоа сте самите вие. Сепак, вие се познавате себеси многу подобро отколку што ве познаваат другите луѓе. Можеби другите си заминале поради одредени, за вас непознати причини, но зошто вие би кренале раце од самите себеси и зошто да си дозволите да се предадете, наместо да останете со единствениот борец со кој можете да ги добиете или да ги изгубите битките?

Ако се жалите дека никој не ве поддржува – поддржете се вие самите!

Отстранете ги негативните мисли, очајот и сомнежот дека сте послаби од околностите и дека не вреди да се борите за целите кои се пред вас. Честопати можете да се одлучите да се откажете, но кога некој или нешто ќе ве инспирира, започнувате од почеток, затоа што знаете дека само вие останувате во борбата и дека ако истраете, некој ќе ви се придружи. Најтешко е да го исполните ветувањето кое сте си го дале себеси, во кое се содржи сета ваша иднина.

Можеби сѐ уште во вашата глава ви стои мислењето на другите кои ви велат дека нешто не вреди да го направите, дека треба да изберете друг пат, да се вратите од почеток или да се откажете. Но, дали е тоа навистина важно? Не! Не дозволувајте туѓите негативни мислења да ви бидат пречка за вашите одлуки и цели. Кога ќе ви остане само она што е важно, тогаш ќе пронајдете волја и сила со чијашто помош сѐ ќе ви изгледа лесно и едноставно. Затоа, станете свесни за своите мисли. Тие се тука за да ви дадат доверба, а не истата да ви ја одземат. Тие се тука да ви дадат моќ и упорност. Ако за нешто треба да вложите голем труд, значи дека му е голема цената и дека вреди. Ако се жалите дека никој не ве поддржува, тогаш поддржете се самите себе. Тоа е патот по кој одат победниците, оние кои веруваат во себе дури тогаш и кога никој друг не верува во нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар