Наместо да се прашувате кои се вашите страсти, поставете си ги овие прашања
Секогаш кога сте незадоволни од вашата работа, другите ве советуваат да откриете што навистина сакате и потоа да се посветите на тоа. Но, дали сте уморни и самите прашувајќи се која е вашата страст? Прашањето е толку значајно што им претставува проблем за повеќето, но најчесто не им помага. Доколку сте незадоволни со својата работа и не знаете кој е следниот чекор којшто треба да го преземете, зошто постојано да се измачувате со тоа прашање? Наместо тоа, обидете се да одговорите на следниве прашања коишто може да откријат многу за вас.
1. Што можам да направам за да им помогнам на другите?
Понекогаш полесно е да размислувате за она што можете да го направите за другите, отколку да се фокусирате на она што можете да го направите за себе. Ако размислувате во која насока да ја градите вашата кариера, треба да ги идентификувате вашите вештини. Најдобар начин да го сторите тоа е преку помагање на другите луѓе.
2. Како изгледа мојот идеален ден?
Односно, како изгледа идеалниот работен ден? Кога ќе се спомене зборот кариера, многумина замислуваат канцеларија каде што ќе поминуваат повеќе од 40 часа неделно, носејќи непријатна облека. Оттргнете се од тоа и запрашајте се себеси како изгледа вашиот идеален работен ден. Дали сакате работа со флексибилни работни часови, работа во тимови или пак на крајот од денот вечера со вашето семејство? Како и да изгледа, дозволете си ова да стане вашата нова професионална цел.
3. Што не сакам?
Знаејќи го она што не го сакате може исто толку да ви помогне како знаејќи го она што го сакате. Можеби сте таков тип којшто не може да издвои што сака, но со сигурност знае што не сака. Тоа е сосема во ред! Искористете ги вашите посилни страни и откријте што не ви одговара. Се разбира, ова не значи дека треба постојано да ги менувате работните места за да откриете дали тие ви одговараат или не. Наместо тоа, фокусирајте се како на вашите вредности, така и на вашите недостатоци. Со нивно согледување, вие ќе можете да откриете кои работни позиции најмногу се согласуваат со вашите карактеристики.
Најчесто луѓето не знаат која е нивната вистинска страст, но сигурно е дека тие може да создадат одлична кариера доколку ги побараат одговорите на вистинските прашања!