Намалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начин
Понекогаш, болките во стапалата можат да бидат предизвикани од притисокот кој го создаваат врвките на одреден дел од нив. Според тоа, менувањето на начинот на врзување може брзо и ефикасно да ја пресретне болката и лесно да го реши вашиот проблем.
Отоци во горниот дел од стапалото
Овој проблем често се јавува кај луѓето со висок свод на долниот дел од стапалото. Врвките го тријат горниот дел од стапалото и ја иритираат кожата или создаваат плускавци.
За да го решите својот проблем, кога ќе ги местите врвките на вашите обувки, прескокнете еден ред во делот каде што најмногу ја чувствувате болката.
Премногу стегнати прсти
Вашите прсти на нозете не можат да дишат. Решението е во врзувањето со две врвки.
За оваа цел ќе ви требаат по 2 врвки за секој чевел. Почнете од долу со едната врвка и врзете ја со машничка во средината. Потоа, другата врвка протнете ја во слободните отвори над машничката, наместете ја до горе и врзете уште една машничка кога ќе дојдете до крај. Експериментирајте додека не ја добите посакуваната удобност.
Отоци во сводниот дел на стапалата
Вашите чевли премногу ве стегаат во горниот дел од стапалата…
Решете го проблемот со паралелно местење на врвките. Не вкрстувајте ги врвките на секое отворче, туку одете нагоре прескокнувајќи по едно дупче во вид на скала.
Лабава пета
Доколку вашите пети се лизгаат нагоре-надолу, решението е во подврзувањето на врвот од чевелот.
Наместете ги врвките нормално, но на врвот, каде што стрчи јазикот, искористите ги празните дупчиња за да ги протнете нагоре кон надвор и да направите јамчиња. Потоа вкрстете ги врвките и протнете го крајот од секоја страна во спротивната јамка од горе надолу. На крајот затегнете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.