Намалете го стресот: 5 мали нешта што можете да ги направите на средина од работниот ден
Повеќето денови се сочинети од многу мали работи. Но, кога некој ден сте пренатрупани со обврски, секоја ситница може да ви предизвика стрес и нервоза. Иако многумина со стресните ситуации се справуваат со вежбање и разговарање со најблиските, постојат некои работи што можете да ги направите во текот на работниот ден, со цел да го намалите нивото на стрес и анксиозност. Погледнете ги овие неколку едноставни совети и обидете се да ги вметнете во вашата дневна рутина.
1. Ако некој се жали, не одговарајте
Не одговарајте и не се согласувајте. Само насмевнете се и продолжете со своите активности. На овој начин ќе си поставите еден вид штит и нема да бидете „заглавени“ во негативна енергија. Зошто да бидете опкружени со луѓе кои постојано се жалат? Слушајќи ги нивните драматизирања и негативност, вие ќе бидете изложени на дополнителен стрес.
2. Носете удобна облека
Носете ги оние прекрасни чевли кои ги обожавате. Направете си себеси да се чувствувате удобно, а избегнувајте ги оние кои ви предизвикуваат болка и секое движење со нив би ви изгледало застрашувачко.
3. Дишете од стомакот, не од горниот дел на градите
Ова ќе му додаде тензија на вашето тело и ќе се чувствувате ужасно. Обидете се да вдишете барем шест пати кога сте изнервирани. Ставете ја едната рака на вашите гради и другата на стомакот, за да ја почувствувате разликата. Обидете се да го практикувате ова во текот на денот. Доколку добивате доволно кислород, тогаш ќе имате повеќе енергија.
4. Бидете благодарни
Дури и кога работите ви изгледаат премногу страшни, можете да се задржите на некои аспекти кои ќе ви овозможат да останете цврсти. Тоа може да биде што било. Пронајдете активност што ве исполнува и што ви носи позитивна енергија, па потсетете се на тоа во текот на напорниот ден.
5. Прошетајте и обновете ја енергијата
Кога треба да имате одредена средба, доколку е возможно, побарајте таа да се одржи некаде на отворено или пак додека шетате наоколу. Тоа би било инспиративно и придобивките би ги почувствувале сите.