Намалете ги стресот и напнатоста со овој краток ритуал

Намалете ги стресот и напнатоста со овој краток ритуал

Не секогаш е лесно и возможно да си направите купка за опуштање. Особено ако вашиот живот е зафатен, а кадата ви е премногу мала. Но, има начин да уживате во придобивките на купката без да трошите многу време, труд и ресурси. Доволно е да направите купка за вашите стапала. 5 минути, неколку чекори и длабоко дишење се доволно да го намалите стресот.

namalete-gi-stresot-i-napnatosta-so-ovoj-kratok-ritual

Потребни состојки:

  • Леген или поголемо тенџере
  • Горка сол
  • Масло за тело
  • Есенцијално масло по ваш вкус
  • Топла вода
  • Пилинг за тело

Начин на подготовка:

  • Ставете ја водата во легенот. Нека биде доволно топла за да не се излади премногу брзо.
  • Ставете ја солта.
  • Додајте масло за тело кое ќе го спречи сушењето на стапалата.
  • Ако сакате, можете да додадете и есенцијално масло. Најдобро е да користите од лаванда кое ќе ве релаксира.
  • Додека стапалата ви се во легенот, нежно масирајте ги со пилингот за тело движејќи се кон листовите.
  • Тргнете го телефонот настрана и уживајте во купката.

Погледнете ги и овие совети за релаксација и уживање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар