Намалете ги најопасните масни наслаги во телото!

Намалете ги најопасните масни наслаги во телото!

Најопасните масни наслаги се наоѓаат во стомакот. Но, тоа не се оние кои просто можете да ги фатите под кожата со прстите. Тие се наоѓаат длабоко во стомакот, под мускулите, ги обвиваат внатрешните органи и затоа претставуваат голем ризик по здравјето. Дури можно е и да немате голем слој поткожни масти, а сепак длабоките масни наслаги да ви го загрозуваат здравјето.

Намалете ги најопасните масни наслаги во телото!

Овие масти се нарекуваат висцерални и нивното присуство ја зголемува опасноста од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања. Најчесто настануваат заради исхрана која е богата со заситени масти.

Но треба да се знае дека не се сите масти штетни. Во помали количини, незаситените масти всушност помагаат во топење на масните наслаги, а такви здрави масти ќе најдете во маслиновото масло, јаткастите плодови, како и во масните риби како што се туната и скушата.

Слободно заменете ги и јаглехидратите со повеќе од овие масти и зголемете го внесот на протеини како што се препорачува во кето диетата. Тоа ќе придонесе кон намалување на апетитот, а најдобри резултати ќе постигнете ако ваков начин на исхрана применувате барем 6 месеци и секако, во комбинација со физичка активност.

Погледнете ги и овие совети од фитнес инструкторка: За само 10 дена симнете ги непосакуваните масни наслаги од стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар