Намалена ви е продуктивноста на работното место? Овие фактори се виновни за тоа!
Нормално е вашата продуктивност да опаѓа кога работниот ден се ближи кон крајот, но ако ова го забележите дури и во најдобриот период од денот, тогаш сигурно ви влијаеле многу други фактори врз кои за жал, понекогаш не можете да дејствувате. Погледнете кои нешта најчесто се виновни за вашата непродуктивност на работното место.
1. Работите повеќе работи истовремено
Ретки се луѓето кои можат да работат повеќе работи истовремено. Додека едната работа е сосема нормална рутина, другата работа може да ја „убие“ вашата продуктивност и да постигнете лоши резултати. Затоа, најдобро е со вас да имате планер каде што ќе ги запишувате сите обврски и задолжително ќе правите паузи помеѓу нив.
2. Ја одложувате својата најважна обврска
Сигурно ви се случило неколкупати да знаете дека мора да завршите некоја важна работа, но намерно ја одложувате, а потоа се наоѓате во ситуација каде што не сте концентрирани и мотивирани. Токму ова може многу да влијае на вашата продуктивност на работното место, па затоа најдобро е да ги завршувате најважните обврски први. И секако, издвојте време за одмор, со цел да се освежите со нова енергија.
3. Премногу состаноци
Премногу состаноци во текот на еден ден може многу да ја намали продуктивноста, бидејќи по некое време чувствувате како ништо да не постигнувате, а дополнително се заморувате. Затоа, ако тоа е можно, обидете се да ги намалите состаноците во текот на денот, бидејќи тие се наменети за само кога е потребно да се донесе некоја важна одлука.
4. Социјални мрежи
Се претпоставува дека со појавата на социјалните мрежи, продуктивноста на луѓето на работното место значително се намалила. Доколку, вашата работа не се состои од работа на социјални мрежи, водите сметка за да го намалите времето поминато таму, бидејќи често ќе ви се случува да дојде крајот на вашето работно време, а вие ништо да не сте завршиле.
5. Бучни колеги
Бучавата на работното место која доаѓа од другите канцеларии, а ја произведуваат колегите со нивните гласни разговори, претставува еден од најнегативните фактори кои влијаат врз намалување на продуктивноста. Затоа, пронајдете начин како да ја неутрализирате или потполно да ја изолирате.