Најженственото и најпопуларното парче облека за лето 2018 година
Скоро секоја девојка е во вечна потрага за едноставно и впечатливо парче облека што може да го носи од сабајле до вечер, како и да го комбинира на стотина начини. Ако се пронајдовте во овој опис, дојдовте на вистинското место!
Дали веќе го имате забележано овој ленен топ со машна на Инстаграм? Изгледа како тој да е насекаде. Моделот доаѓа од австралискиот бренд Posse, чии рачно изработени алишта можат да се купат само онлајн.
Опуштениот крој и лесната ткаенина му дава посебен изглед на ова модно парче кое е идеално за топлите летни денови.
Ова безвремено парче може да се пронајде во две верзии. Една е минималистичка што лесно се вклопува во секоја гардероба, а другата е впечатлива што ги врти сите погледи кон вас.
Без оглед на тоа кој модел ќе го одберете, вие нема да згрешите! А што е со бојата? Дознајте која е бојата што најмногу ќе се носи до ладните зимски денови.