Најздравиот појадок на целиот свет: Потребни ви се само 5 минути за подготовка

Најздравиот појадок на целиот свет: Потребни ви се само 5 минути за подготовка

Брзо, едноставно, неверојатно здраво и премногу вкусно

Најздравиот појадок на целиот свет: Потребни ви се само 5 минути за подготовка

Потребни состојки:
  • 1 пакување јогурт
  • 1 лажица јаболков пектин (рецептот е подолу)
  • 1 лажица мед
  • 50 грама ореви, исечкани
  • Половина лажица цимет
  • 30 капки прополис
  • 3 лажици овесна каша
  • Суво овошје, по избор
Начин на подготовка:

Претходната ноќ измешајте ги јогуртот и јаболковиот пектин и оставете ги во фрижидер да отстојат. Ова можете да го направите и утрото, но во тој случај ќе мора малку да го почекате пектинот да се раствори. Додајте ги сите останати состојки во смесата со јогуртот и добро измешајте. Оставете неколку минути да се поврзат сите состојки, а јогуртот да дојде на собна температура со цел да може да ја растопи овесната каша. Добар апетит!

Потребни состојки и подготовка на пектинот:

За него ќе би бидат потребни 1 килограм органски јаболка и 250 милилитри вода. Измијте ги јаболката, отстранете ги дршките и семките и исечкајте ги на мали парчиња. Во поголемо тенџере, сипете ја водата и потоа додајте ги исечканите јаболка. Варете на силен оган – пектинот мора во кратко време да постигне висока температура, бидејќи во спротивно ќе се распадне. Оставете да се вари 30-тина минути и потоа мешајте сè додека смесата не се згусне. За крај, префрлете ја во чиста тегла така што ќе ја поминете низ цедалка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар