Најздравата храна за студениот месец јануари
Промената на годишните времиња е одличен начин природата да нѐ потсети на нејзината разновидност. На тој начин ни нуди единствена можност да уживаме во различна храна во секое време од годината. Тоа е природен циклус кој не би требало да го нарушуваме. Треба да запаметите дека сите видови овошје и зеленчук кои можете да ги купите надвор од нивната сезона се полни со пестициди и хемикалии, премногу се скапи и не се воопшто вкусни.
Предности за здравјето
Сезонската храна е храна која ја има на врвот на нејзината сезона. Таа е свежа, хранлива и вкусна. Кога јадете сезонски, јадете разновидно и на тој начин вашето тело го снабдувате со различни витамини, минерали, ензими, антиоксиданси и фитохемикалии кои се неопходни за негово правилно функционирање. Со консумирањето сезонска храна ќе постигнете природно чистење на вашето тело, односно детоксикација.
НАЈДОБРИТЕ ОВОШЈА ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Јаболка
Јаболката припаѓаат на групата најздрави овошја на светот, но исто така се вбројуваат и во храна која може да содржи најголема количина пестициди. Затоа, подобро е да внимавате и да изберете органски јаболка. Ова овошје содржи мала количина заситени масти, холестерол и сол, а е одличен извор на диетални влакна, но и добар извор на витамин Ц.
Портокали
Во овој период портокалите се највкусни, најсвежи и најздрави. И тие исто така припаѓаат на групата најздрави намирници во светот, а поради тоа што лесно можете да ги најдете, тие се и најчесто консумирани. Портокалите содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол, а се добар извор на тијамин, фолна киселина и калиум, како и одличен извор на диетални влакна и витамин Ц.
Грејпфрут
Грејпфрутот е чудесно овошје со одлични хранливи својства и содржи мало количество заситени масти, холестерол и сол. Грејпфрутот треба да го консумирате внимателно, особено ако пиете некои лекови, затоа што може да влијае на нивното дејство. Тој е добар извор на диетални влакна, но и одличен извор на витамините А и Ц.
Киви
Кивите се мали, но лековити овошја кои се грижат за здравјето на целиот организам. Едно киви е сосема доволно за да го замените внесувањето на мултивитамините. Тие се добар извор на диетални влакна, витамин Е, калиум и бакар, како и одличен извор на витамините Ц и К.
Ананас
Ананасот има примамлив изглед, уште попримамлив вкус и мирис, а е едно од најздравите овошја во светот. Тој е добар извор на диетални влакна, тијамин, витамин Б6 и бакар, како и одличен извор на витамин Ц и манган. Ананасот е многу вкусен и без да му ставите некои додатоци, но тоа не значи дека само така треба да го консумирате.
Калинка
Калинките имаат магично влијание на здравјето на целокупниот организам. Тие се добар извор на диетални влакна и фолна киселина. Содржат мало количество заситени масти, холестерол и сол, а се одличен извор на витамините Ц и К.
НАЈДОБРИТЕ ЗЕЛЕНЧУЦИ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Цвекло
Цвеклото е совршен додаток на здравата исхрана затоа што може да ја зголеми апсорпцијата на хранливите материи и да ја спречи појавата на голем број болести. Тој е добар извор на витамин Ц, железо и магнезиум. Содржи многу малку заситени масти и холестерол, а е одличен извор и на диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган.
Прокељ
Прокељот е мал, но ни малку безначаен. Тој го зголемува здравјето на целокупниот организам, па затоа треба да стане дел од вашата секојдневна исхрана. Добар извор е на тијамин, рибофлавин, железо, магнезиум, фосфор и бакар, а содржи многу малку заситени масти и холестерол. Прокељот е одличен извор на диетални влакна, витамини А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган. Тој има горчлив вкус и токму поради тоа не им се допаѓа на многумина, особено на децата.
Карфиол
Карфиолот има поблаг вкус и одговара за подготовка на различни јадења. Тој е добар извор на протеини, тијамин, рибофлавин, ниацин и магнезиум, а содржи многу малку заситени масти и холестерол. Карфиолот е одличен извор на диетални влакна, витамин Ц, К, Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, калиум и манган.
Зелка
Зелката често се консумира за детоксикација на целиот организам. Таа е добар извор на тијамин, калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум, а содржи ниско ниво на заситени масти и холестерол. Зелката е одличен извор на диетални влакна, витамин Ц, К, Б6, фолна киселина и манган.
Спанаќ
Спанаќот содржи ниско ниво заситени масти и холестерол, добар извор е на ниацин и цинк, а одличен извор на диетални влакна, протеини, витамини А, Ц, Е, К, тијамин, рибофлавин, витамин Б6, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар и манган. Спанаќот е една од најздравите намирници кои можете да ги консумирате, тој е лесно достапен, едноставен за подготовка, но и вкусен.